Керол Ломбард (родена како Џејн Алис Питерс; 6 октомври 1908 година) – 16 јануари 1942) била американска глумица, позната по нејзините енергични, честопати необични улоги во комедии. Во 1999 година, Американскиот филмски институт ја рангирал Керол Ломбард на 23-то место на својата листа на најголеми женски ѕвезди на американската кинематографија.

Ломбард била родена во богато семејство во Форт Вејн, Индијана, но била одгледана во Лос Анџелес од нејзината самохрана мајка. На 12 години, била регрутирана од режисерот Алан Дван и го имала своето деби на екранот во Совршено злосторство (1921). Потпишала договор со „Фокс филм корпорејшн“ на 16 години, но главно играла споредни улоги и била отпуштена по една година. Нејзината кариера била блиску до крајот кратко пред нејзиниот 19-ти роденден кога при сообраќајна несреќа ѝ останала лузна на лицето, но таа го надминала овој предизвик и се појавила во 15 кратки комедии за Мек Сенет од 1927 до 1929 година, а потоа почнала да се појавува во играни филмови како што се Висок напон (1929) и Рекетарот (1929). По успешното појавување во Детето од Аризона (1930), таа потпишала договор со „Парамаунт пикчерс“.

„Парамаунт“ брзо почнал да ја ангажира Ломбард за главни женска улоги, првенствено во драмски филмови. Нејзиниот углед се зголемил кога се омажила за Вилијам Пауел во 1931 година, но двојката се развела пријателски по две години. Пресвртница во кариерата на Ломбард се случила во пионерската комедија Дваесетти век (1934) на Хауард Хокс. Глумицата се пронашла во овој жанр и продолжила да се појавува во филмови како што се Раце преку масата (1935, формирајќи популарно партнерство со Фред Мекмареј ); Мојот човек Годфри (1936), за кој била номинирана за Оскар за најдобра глумица; и Ништо свето (1937). Во тоа време, Ломбард се омажила за Кларк Гејбл, и тие привлекле големо внимание од медиумите. Желна да освои Оскар, Ломбард почнала да се движи кон посериозни улоги кон крајот на деценијата. Неуспешна во оваа цел, се вратила на комедијата во филмовите Господин и госпоѓа Смит (1941) на Алфред Хичкок и Да се биде или не (1942) на Ернст Лубич, нејзината последна филмска улога.

Ломбард починала на 33-годишна возраст во несреќата со летање на планината Потоси, Невада, враќајќи се од турнеја за воени обврзници. Таа била една од главните актерки во комедија а воедно и икона на американската кинематографија.

Награди и номинации + Година Организација Категорија Работа Резултат 1937 година Награди на Академијата Најдобра глумица Мојот човек Годфри 1960 година Холивудска патека на славнитеЅвезда За животно дело

Наводи

Категорија:Починати во 1942 година Категорија:Родени во 1908 година Категорија:Американски глумици од 20 век Категорија:Американски филмски глумци Категорија:Луѓе од Форт Вејн