мини|Скршена јајцева лушпа од дива птица Лушпа од јајце, јајцева лушпа, јајцева лупешка — надворешна обвивка на јајце со тврда лушпа и на некои видови јајца со мек надворешен слој.

Јајца од црви Јајцата на цевчестите црви имаат двослојна структура: надворешен слој од вителин направен од хитин кој дава механичка отпорност и внатрешен слој богат со липиди кој го прави просторот на јајцето непропустлив.

Јајца од инсекти мини|Ембрион/гасеница од пеперутка видлива низ проѕирна јајцева лушпа Инсектите и другите членконоги положуваат јајца во различни стилови и облици. Некои од нив имаат желатинозни обвивки или обвивки слични на кожа, други пак имаат тврди лушпи. Помеките јајцеви лушпи се претежно белковини. Може да бидат влакнести или доста течни. Некои јајца од членконоги немаат лушпи, туку нивната надворешна обвивка е всушност најнадворешната ципа на зародокот, хороидеата, која ги штити внатрешните слоеви. Ова може да биде сложена структура и може да има различни слоеви, вклучувајќи го и егзохорионот, најнадворешниот слој. Јајцата кои мора да преживеат во суви услови обично имаат тврди јајцеви лушпи, направени претежно од дехидрирани или минерализирани белковини со системи на пори за да овозможат дишење. Јајцата од членконоги можат да имаат обемни украси на нивните надворешни површини.

Јајца од риби, водоземци и влекачи Рибите и водоземците вообичаено положуваат јајца кои се опкружени со екстраембрионални ципи, но не развиваат лушпа, тврда или мека, околу овие ципи. Некои јајца од риби и водоземци имаат дебела, кожеста обвивка, особено ако мора да издржат физичка сила или сушење. Овие видови јајца можат да бидат и многу мали и кршливи.

Повеќето влекачи положуваат јајца со флексибилни, калцифицирани лушпи, меѓутоа има и такви што положуваат тврди јајца. Јајцата што ги положуваат змиите главно имаат кожести лушпи кои често се залепени една на друга. Желките положуваат тврди или меки јајца, во зависност од видот. Неколку видови положуваат јајца кои речиси и не се разликуваат од птичјите јајца.

Птичји јајца мини|Ова кокошкино јајце било потопено во оцет неколку дена и станало проѕирно и флексибилно. лево|мини|Анатомија на кокошкино јајце. Птичјото јајце е оплодена гамета (или, во случајот на некои птици, како што се кокошките, можно и неоплодена) која се наоѓа на површината на жолчката и е опкружена со албумен или белка. Албуменот, пак, е опкружен со две ципи на обвивката (внатрешна и надворешна мембрана), а потоа и со јајцевата лушпа. Кокошкината јајцева лушпа 95-97% се состои од кристали на калциум карбонат, стабилизирани со белковинска (протеинска) матрица. Без белковината, кристалната структура би била премногу кршлива за да го задржи својот облик, а се смета дека органската матрица има улога во таложењето на калциум за време на минерализацијата. Структурата и составот на птичјата јајцева лушпа го штитат јајцето од оштетување и микробно заразување, спречуваат сушење, ја регулираат ембрионската размена на гас и вода и обезбедуваат калциум за ембриогенеза. Образувањето на јајцевата лушпа бара грамски количини калциум што се таложат во рок од неколку часа, што мора да се внесе преку исхраната на кокошката. Птичјата јајцева лушпа е изградена од организиран склоп на минерални наночестички чија големина им дава различна тврдост на различните делови на јајцевата лушпа. мини|Кокошкино јајце со неправилна калцификација мини|Структурата на светлина Влакнестите кокошкини ципи на јајцева лушпа се додаваат во проксималниот (бел) теснец на јајцеводот. Во дисталниот (црвен) теснец, масилите или масиларните јазли се таложат на површината на надворешната ципа во правилен распоред. Мамилите се богати со протеогликан и се смета дека ја контролираат калцификацијата. Во лушпестата жлезда (слична на матката кај цицачите), минерализацијата започнува кај мамилите и околу најнадворешните мембрански влакна. Течноста на лушпестата жлезда содржи многу високи нивоа на калциум и бикарбонатни јони. Дебелиот калцифициран слој на лушпата од јајцето се образува во столбови од структурите на мамилите и е познат како палисаден слој. Помеѓу овие палисадни столбови има тесни пори што ја преминуваат јајцевата лушпа и овозможуваат размена на гасови. Кутикулата го образува последниот, надворешен слој на јајцевата лушпа. Прицврстувањето на меката органска фиброзна ципа на тврдата калцитна обвивка е од суштинско значење за правилен развој и раст на зародокот на пилињата (преку обезбедување поврзаност на хориоалантоичната ципа и овозможување образување на воздушен меур на тапиот крај на јајцето). Ова прицврстување помеѓу различни материјали е олеснето со структурно преплетување на влакна во секоја цицалка на микроскала, и заемно, наноскално, минерално спојување во влакната непосредно на спојот.

Денес се смета дека белковинската матрица игра важна улога за цврстината на лушпата, иако најголемиот дел од јајцевата лушпа е составен од калциум карбонат. Овие белковини влијаат на кристализацијата, што пак влијае на структурата на лушпата. Густината на белковините во лушпата се намалува со текот на животниот век на кокошката несилка, а со тоа и нејзината цврстина.

Создавањето лушпа, кај просечна несилка, трае околу 20 часа. Пигментацијата се додава на лушпата преку папилите што го обложуваат јајцеводот, обојувајќи го во различни бои и шари во зависност од видот. Јајцата обично се несат прво со тапиот крај, па тој дел е подложен на најголем притисок за време на неговиот премин и затоа покажува најмногу боја.

Бидејќи содржат главно калциум карбонат, јајцевите лушпи се раствораат во разни киселини, вклучувајќи го и оцетот што се користи во готвењето. Додека се раствораат, калциум карбонатот во јајцевата лушпа реагира со киселината и создава јаглерод диоксид

Јајца од цицачи Едноотворните, цицачите кои несат јајца, несат јајца со мека лушпа слични на оние на влекачите. Лушпата се таложи на јајцето во слоеви во матката. Јајцето може да впива течности и да расте во големина за време на овој процес, а последниот, најкрут слој не се додава сè додека јајцето не достигне полна големина.

Употреба

Хемикалии Поради нивната содржина на калциум карбонат, отпадните јајцеви лушпи може да се користат како суровина во производството на вар.

Фармацевтски производи Лушпата, богата со калциум карбонат, се користи во терапии при недостаток на калциум кај луѓето и животните. Една јајцева лушпа има маса од шест грама, што дава околу 2200 мг калциум (6000 мг × 0,95 × 0,4 = 2280 мг). Честичките од јајцеви лушпи се користат во пастите за заби како средство против забен камен. Прав од јајцеви лушпи се користи за минерализација и раст на коските.

Наводи

Надворешни врски Fossil eggshells Feeding for Stronger Egg Shells

Категорија:Јајца Категорија:Зоологија