мини|289x289px|Модел на лорча во музејот Макао, 2011 г. Лорча — вид поморски брод, широко распространет во земјите од Југоисточна Азија (Тајланд, Бурма и така натаму).
Конструкција Лорчата е вид џонка со кинеска опрема (такелажа) и европски труп, на кој се поставени 1 до 3 јарболи. Едрената опрема на еднојарболна лорча се состоела од широко попречно право едро.
На повеќејарболните лорчи се користеле и прави и коси едра со различни големини. Многу често, предниот дел на бродот носел украсен орнамент, кој неретко изгледал како позлатена топка. Крмниот помост ги сврзувал улогите на команден мост и кормиларско место.
Обично целата посада на лорчата се состоела од едно семејство.Ю. Н. Павлюченко, А. А. Гундобин, Г. П. Турмов. Лорча // Архитектура судов и кораблей. Крактий морской словарь. — Владивосток: Издательство дальневосточного университета, 1992. — С. 127. — ISBN 5-7444-0120-2. (руски)
По Првата опиумска војна, лорчите главно биле користени од англиски трговци во регионот на Кина. Втората опиумска војна започнала со заземањето на лорчата „Ероу“ (Arrow) од страна на Кинезите.
Наводи
Надворешни врски
Complete list of Ship Types Lugger to Lorcha
Категорија:Видови бродови __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__