Катафиги () — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Велвендо на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 57 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа високо во југозападните падини на Пиериските Планини, на 6 км источно од гратчето Велвендо, кај почетокот на Лафишката Клисура, на надморска височина од 1.050 м.

Историја

Во Отоманското Царство Според османлиски дефтер од 1528 г. во Катафиги имало 47 домаќинства со 212 жители.

Во XIX век Катафиги било грчко гратче во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Катафиги е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 410 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Катафигион (Καταφύγιον) живееле 3.000 Грци христијани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 2.877 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 2.728 лица. Селото многу настрадало во времето на Втората светска војна (1940–1944) од окупаторот, а исто така и за време на Граѓанската војна (1946–1949). Поради тоа, селото останало речиси празно и жителите се иселиле, претежно во поголемите градови во Грција и прекуокеанските земји. Во 1951 г. Катафиги е евидентирано со 16 жители, а во 1961 г. со 188, кои во 1971 г. повторно се намалиле на 23 лица. +Места во заедницата Катафиги преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписБараΜπόραЛакијаΛακκιάмесност на Ј од КатафигиГувроΓκοϋβροСкотиноΣκοτεινόврв на ИСИ од Катафиги (2.008,8 м)МучариΜουτσάρεςЛеканиΛεκάνηмесност на СИ од КатафигиЧурчук КолибаΤσουρτσούκ ΚαλύβαДијаваΔιάβαколиби на СИ од Катафиги

Стопанство Населението во минатото произведувало големи количества компири и други земјоделски производи, а развиено било и сточарството. Околните шуми обилуваат со костени и ореви, чии плодови се собирале од месното население.

Население

Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 44 квадратни километри. Општината Катафиги била приклучена во општината Велвендо во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.

Селото припаѓа на општинската единица Велвендо со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Велвендо, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Катафиги, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1762 г.

Личности Родени во Катафиги

Јован Зизјулас (1931–2023) — грчки теолог и митрополит на Цариградската патријаршија

Наводи

Категорија:Велвендо