Природниот парк Мариборско Езеро ја опфаќа реката Драва со крајбрежна зона помеѓу општинската граница со општина Руше и електраната Мариборски Оток. Мариборското езеро било прогласено за природен парк на 30. Ноември, 1992 година.

Мариборското езеро и неговата околина се важна рекреативна зона во Марибор. Со својот пејзаж, шумите од десниот брег и новите крајбрежни живеалишта и плитки води, претставува подрачје од големо значење за зачувување на природата.

Базенот на ХЕЦ Мариборски Оток е атрактивна рекреативна зона. Во последната деценија, Дравске електране Марибор успешно реновирале бројни туристички и рекреативни места на езерото.

Остров Марибор десно|мини|200x200пкс| Поглед на островот од левиот брег на реката Драва Островот Марибор е природен феномен, тој е вистински речен остров и единствен од ваков вид во Словенија. Покриен е со богата шума со грмушки, каде што растат многу ретки растенија, а исто така претставува дом за бројни птици. Токму поради оваа причина е прогласен за споменик на природата, бидејќи човековото влијание веќе значително го променило изгледот на островот.

Мариборско Езеро Мариборското езеро е создадено со преградување на реката Драва за време на изградбата на хидроелектраната Мариборски Оток. Со преградување на реката Драва со брана, создадено е езеро долго 15,5 км, кое се протега сè до хидроцентралата Фала. Содржи 13,1 милиони м³ вода, од кои 2,1 милиони м³ може да се користат за производство на електрична енергија.

Тука сме сведоци на процес каде што масовната интервенција во природата не само што предизвикала уништување на разни биотопи, туку довела и до развој на нови. Покрај обрасната крајбрежна шума, се појавиле и плитки површини покриени со крајбрежна вегетација, создавајќи ново вредно живеалиште.

Поврзано

Список на заштитени паркови во Словенија

Литература

Уредба за прогласување на природни обележја на подрачјето на општина Марибор, Меѓуопштински службен весник, 30.11.1992 Менцингер, Борут природни паркови на Словенија Љубљана, Младинска књига Заложба д.д., 2004 ISBN 86 11 16747 3 Категорија:Драва Категорија:Марибор Категорија:Природни паркови во Словенија