мини| Компостирање на ниво на заедница во рурална област во Германија Компост — мешавина од состојки која се користи како ѓубриво за растенија и за подобрување на физичките, хемиските и биолошките својства на почвата. Најчесто се подготвува со распаѓање на растителни и прехранбени отпадоци, рециклирање на органски материјали и ѓубриво. Добиената мешавина е богата со хранливи материи за растенијата и корисни организми, како што се бактерии, протозои, нематоди и габи. Компостот ја подобрува плодноста на почвата во градините, уредувањето на пејзажи, хортикултурата, урбаното земјоделство и органското земјоделство, намалувајќи ја зависноста од комерцијални хемиски ѓубрива. Придобивките од компостот вклучуваат обезбедување хранливи материи за посевите како ѓубриво, дејствување како омекнувач на почвата, зголемување на содржината на хумус или хумусна киселина во почвата и воведување корисни микроби кои помагаат во сузбивање на патогените во почвата и намалување на болестите што се пренесуваат преку почвата.
Компостирањето подразбира собирање мешавина од зелен отпад (материјали богати со азот, како лисја, трева и остатоци од храна) и кафеав отпад (дрвенести материјали богати со јаглерод, како што се стебла, хартија и дрвени струготини). Материјалите се разградуваат во хумус во процес кој трае со месеци. Компостирањето може да биде повеќеслоен, внимателно контролиран процес со измерени влезови на вода, воздух и материјали богати со јаглерод и азот. Процесот на распаѓање е олеснет со сечкање на растителната материја, додавање вода и обезбедување соодветна аерација со редовно превртување на смесата во процес со користење на отворени купови или бразди. Габите, дождовните црви и другите детритивори дополнително го разградуваат органскиот материјал. Аеробните бактерии и габи го водат хемискиот процес со претворање на влезните материи во топлина, јаглерод диоксид и јони на амониум. мини| Компостер направен од шуплив трупец Компостирањето е важен дел од управувањето со отпад, бидејќи храната и другите компостирачки материјали прават околу 20% од отпадот на депониите, и поради анаеробните услови, на овие материјали им е потребно долго време за биоразградување на депонијата. Компостирањето е еколошки посупериорна алтернатива во однос на користењето органски материјал за депонии, бидејќи компостирањето поради анаеробните услови ги намалува емисиите на метан и обезбедува економски и еколошки придобивки. На пр., компостот може да се користи и за рекултивација на земјишта и потоци, изградба на мочуришта и покривање на депонии.
Основи мини| Буре за домашен компост мини| Канти за компост на органската фарма на колеџот „Евергрин Стејт“ во Вашингтон мини| Материјали во компост мини| Компост од остатоци од храна Компостирањето е аеробен метод на разградување на органски цврст отпад, и може да се користи за рециклирање на органски материјал. Процесот вклучува разградување на органскиот материјал во материјал сличен на хумус, познат како компост, кој е добро ѓубриво за растенијата.
На организмите што компостираат им се потребни четири подеднакво важни состојки за да работат ефикасно:
Јаглеродот е потребен за енергија; микробната оксидација на јаглеродот ја произведува топлинта која е потребна за други делови од процесот на компостирање. Материјалите со висока содржина на јаглерод имаат тенденција да бидат кафеави и суви. Азотот е потребен за растење и размножување на повеќе организми за оксидирање на јаглеродот. Материјалите со висока содржина на азот имаат тенденција да бидат зелени и влажни. Исто така можат да вклучуваат шарено овошје и зеленчук. Кислородот е потребен за оксидирање на јаглеродот, односно за процесот на распаѓање. На аеробните бактерии им се потребни нивоа на кислород над 5% за извршување на процесите потребни за компостирање. Водата е неопходна во соодветни количини за да се одржи активноста без да се предизвикаат локално анаеробни услови.
Одредени соодноси на овие материјали им овозможуваат на микроорганизмите да работат со брзина што ќе го загрее компостот. Активното управување со купот (на пр. превртување на компостната грамада) е потребно за да се одржи доволен кислород и соодветно ниво на влага. Балансот помеѓу воздухот и водата е клучно за одржување на високи температури 54-71 °C додека материјалите не се разградат.
Компостирањето е најефикасно со јаглерод - азот соодност од околу 25:1. Топлото компостирање се фокусира на задржување на топлината, за да се зголеми стапката на распаѓање, произведувајќи компост побрзо. Брзото компостирање е фаворизирано поради тоа што соодносот јаглерод-азот е околу 30 јаглеродни единици или помалку. Над 30, подлогата е лишена од азот. Под 15, веројатно е дека дел од азот ќе испушта гасови како амонијак.
Речиси сите мртви растителни и животински материјали содржат и јаглерод и азот во различни количини. Свежо покосената трева има просечен сооднос од околу 15:1, а сувите есенски лисја околу 50:1, во зависност од видот. Компостирањето е континуиран и динамичен процес; важно е постојаното додавање на нови извори на јаглерод и азот, како и активното управување.
Организми Организмите можат да ја разградат органската материја во компост само ако им се обезбеди правилна мешавина од вода, кислород, јаглерод и азот. Тие спаѓаат во две широки категории: хемиски разградувачи, кои вршат хемиски процеси врз органскиот отпад, и физички разградувачи, кои го обработуваат отпадот на помали парчиња преку методи како што се мелење, кинење, џвакање и варење.
Хемиски разградувачи
Бактериите се најзастапени и најважни од сите микроорганизми што се наоѓаат во компостот. Тие преработуваат јаглерод и азот и излачуваат хранливи материи достапни за растенијата како што се азот, фосфор и магнезиум. Во зависност од фазата на компостирање, најзастапени може да бидат мезофилните или термофилните бактерии. Мезофилните бактерии го доведуваат компостот до термофилна фаза преку оксидација на органски материјал. Потоа го сушат, што го прави свежиот компост подостапен за растенијата. Термофилните бактерии не се размножуваат и не се активни помеѓу -5 и 25 °C, но сепак се наоѓаат низ целата почва. Тие се активираат откако мезофилните бактерии ќе почнат да ја разградуваат органската материја и ја зголемуваат температурата до нивниот оптимален опсег. Докажано е дека тие навлегуваат во почвата преку дождовницата. Тие се распространети толку широко поради многу фактори, вклучувајќи ја и отпорноста на нивните спори. Термофилните бактерии напредуваат на повисоки температури, достигнувајќи 40-60 °C во типични мешавини. Операциите на компостирање во големи размери, како што е компостирањето во купови, може да ја надминат оваа температура, потенцијално убивајќи корисни микроорганизми во почвата, но исто така и пастеризирајќи го отпадот. Актиномицетотите се потребни за разградување на хартиени производи како што се весници, кора итн, и други големи молекули како што се лигнин и целулоза кои потешко се разградуваат.„Пријатниот, земјен мирис на компост“ се припишува на грам-позитивната бактерија Actinomycetota. Тие им овозможуваат на растенијата хранливи материи како што се јаглерод, амонијак и азот. Габите како мувлата и квасецот помагаат во разградувањето на материјалите што бактериите не можат, особено целулозата и лигнинот во дрвенестите материјали. Протозоите придонесуваат за биоразградување на органската материја и консумираат неактивни бактерии, габи и микрооргански честички.
Физички разградувачи
Мравките создаваат гнезда, и ја прават почвата попорозна и транспортирајќи хранливи материи во различни делови од компостот. Бубачките како ларви се хранат со скапан зеленчук. Дождовните црви внесуваат делумно компостиран материјал и излачуваат отпадоци од црви, правејќи азот, калциум, фосфор и магнезиум достапни за растенијата. Тунелите што ги создаваат додека се движат низ компостот, исто така, ја зголемуваат аерацијата и дренажата. Мувите се хранат со речиси сите органски материјали и внесуваат бактерии во компостот. Нивната популација е контролирана од грините и термофилните температури кои се несоодветни за ларвите на мувите. Стоногалките го разградуваат растителниот материјал. Ротиферите се хранат со растителни честички. Полжавите се хранат со жив или свеж растителен материјал. Тие треба да се отстранат од компостот пред употреба, бидејќи можат да ги оштетат растенијата и посевите.
Фази на компостирање мини| Тригодишен домашен компост Во идеални услови, компостирањето се одвива низ три главни фази
Мезофилна фаза: Почетната фаза кога распаѓањето се врши под умерени температури од страна на мезофилни микроорганизми (2 до 8 дена) Термофилна фаза: втора, термофилна фаза, во која разни термофилни бактерии го извршуваат распаѓањето на повисоки температури ( 50 до 60 °C) Фаза на ладење (исто така наречена мезофилна II) Фаза на созревање: Како што се намалува снабдувањето со високоенергетски соединенија, температурата почнува да се намалува.
Полукомпостирањето е процес на деградација кој обработува помали количини на органски отпад од препорачаните и затоа не претставува термофилна фаза, бидејќи мезофилните микроорганизми се единствените одговорни за деградацијата на органската материја.
Топло и ладно компостирање – влијание врз времето Времето кое е потребно за компостирање на материјалот е поврзано со волуменот на материјалот, големината на честичките на влезните материјали (на пр. дрвените струготини се распаѓаат побрзо од гранките) и количината на мешање и аерација Воопшто, поголемите купови остануваат во термофилната фаза со денови или денедли и достигнуваат повисоки температури. Ова е топло компостирање и е вообичаен метод за поголеми објекти и земјоделски операции.
Берклиевиот метод произведува готов компост за 18 дена. Потребно е склопување од најмалку 1 кубен метар материјал на почетокот и треба да се превртува на секои два дена по почетната четиридневна фаза. Ваквите кратки процеси имаат промени во традиционалните методи, вклучувајќи помали, похомогенизирани големини на честичките во влезните материјали, контролирање на односот јаглерод - азот (C:N) на 30:1 или помалку и внимателно следење на нивото на влага.
Ладното компостирање е побавен процес кој може да потрае и до една година. Тоа е резултат на помали купови, вклучувајќи купови компост од станбени објекти кои примаат мали количини кујнски и градинарски отпад во подолг временски период. Купови помали од 1 кубен метар (35 cu ft)не достигнуваат и одржуваат високи температури. Превртувањето не е потребно при ладно компостирање, иако постои ризик делови од купот да станат анаеробни како што се збива или се натопува во вода.
Отстранување на патогени Компостирањето може да уништи некои патогени и семиња, достигнувајќи температури над 50 °C. Работејќи со стабилизиран компост – компостиран материјал во кој микроорганизмите завршиле со варењето на органската материја и температурата достигнала помеѓу 50 и 70 °C – претставува многу мал ризик, бидејќи овие температури ги убиваат патогените, па дури и ги прават ооцистите неодржливи. Температурата на која умира патогенот зависи од патогенот, колку долго се одржува температурата (од секунди до недели) и pH вредноста.
Болести што можат да се добијат од ракување со компост При претворање на компост кој не поминал низ фази каде што се достигнати температури над 50 °C, мора да се носи маска за уста и ракавици за заштита од болести што можат да се добијат од ракување со компост, вклучувајќи:
Аспергилоза Хистоплазмоза – габа што расте во гуано и птичји измет Легионерска болест Паронихија – преку инфекција околу ноктите на рацете и нозете Тетанус - болест на централниот нервен систем
Ооцитите се неодржливии на температури над 50 °C.
Еколошки придобивки