Љупчо Толевски македонски писател, (Македонски писатели), публицист, есист роден во Битола 1959.
Животопис
Љупчо Толевски завршил основно образование, гимназија СОУ „Јосип Броз-Тито“ - Битола и Виша педагошка школа во Битола.
Поголемиот дел од својот работен ангажман го поминал како наставник, особено во ОУ „Кочо Рацин“ - Ивањевци
Творештво
Љупчо Толевски покрај својата ангажираност, како просветен работник, целосно и континуирано се оддава на креативното творештво, особено во литературата, пулицистиката, есеистиката.
Толевски остварува броен литературен опус. Во неговиот израит книжевниот ангажман, успешно се докажал и реализирал со објавени дела од скоро сите жанрови: роман , кратка проза , драма , монодрама , мјузикл , публицистика , есеј , рецензја , теолошки согледби и толкувања , патеписи ...
Низ сите бројни дела развил свој стил: јасен, концизен со прецизно компонирање на бројните и богати жанровски нијанси.
Вешто владеејќи ги сите литературни родови, покажува специфичен и оригинален книжевен ракопис.
Со неговата творечка повеќеслојност, мисловна задлабоченост и разнообразност, тој е впечатлив дел од битолскиот литературен круг, збогатувајќи го со автентичен книжевен јазик, кој што е сериозен влог и во македонската литературна сцена.
Неговото љубопитство, креативно истражување и широката мотивска распространетост е предмет на идно посериозно толкување, кое поради неговата скромност, повлеченост и тивка присутност, сèуште не е позиционирано на вистинските места кои одамна ги заслужува.
Дела (селективен избор)
Толевски, Љупчо - Битола–голем духовен центар и расадник на светители Битола–голем духовен центар и расадник на светители Толевски, Љупчо Толевски, Љупчо - Бог ги спасува праведницитеБог ги спасува праведниците Толевски, Љупчо - Чудни но вистинити приказниЧудни но вистинити приказни Толевски, Љупчо - Битки добиени со Божја помошБитки добиени со Божја помош Толевски, Љупчо - Најпознати побожни христијански владетели и владетелкиНајпознати побожни христијански владетели и владетелки Толевски, Љупчо - Неми сведоци на Божјите чудаНеми сведоци на Божјите чуда Толевски, Љупчо - Црвени стени : дуодрамаЦрвени стени : дуодрама Толевски, Љупчо - Јавувањата на мајката Божја, Пресвета БогородицаЈавувањата на мајката Божја, Пресвета Богородица Толевски, Љупчо - Духовната светлина на ПаризДуховната светлина на Париз Толевски, Љупчо - Растенијата : големо чудo божјо преку кои Бог прави чуда на земјата /54516997/ Растенијата : големо чудo божјо преку кои Бог прави чуда на земјата Толевски, Љупчо - Поклонички места во Западна Европа со мошти од светители, реликвии и познати манастири пред поделбата на црквата во 1054 годинаПоклонички места во Западна Европа со мошти од светители, реликвии и познати манастири пред поделбата на црквата во 1054 година Толевски, Љупчо - Духовна преобразбаДуховна преобразба Толевски, Љупчо - Стефановата одлукаСтефановата одлука Толевски, Љупчо - Човекот и времето : (кратки раскази)Човекот и времето : (кратки раскази) Толевски, Љупчо - Човек на своето време : (драма)Човек на своето време : (драма) Толевски, Љупчо - Ситна душа : (монодрама)Ситна душа : (монодрама) Толевски, Љупчо - Моќта на парите : (драма)Моќта на парите : (драма) Толевски, Љупчо - Платонска љубов : (мјузикл)Платонска љубов : (мјузикл) Толевски, Љупчо - Басни и за возрасниБасни и за возрасни Толевски, Љупчо - Сенката на стравотСенката на стравот
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски публицисти