Мртва вселена: Пропаст () — долгометражен анимиран научнофантастичен филм на ужасите, предисторија на компјутерската игра Dead Space. Бил произведен од Film Roman Productions и Electronic Arts, а распределен од Anchor Bay Entertainment. Бил издаден од Anchor Bay Entertainment на ДВД и Blu Ray на 28 октомври 2008 г., а се прикажувал на Sci Fi Channel на 2 декември 2008 г. Во Македонија постои неофицијално ДВД-издание под наслов Dead Space: Пропаст.
Содржина Така започнува ужасот на екипажот на вселенскиот брод „Ишимура“: Во длабоката вселена, на далечна планета за време на истражувачка мисија, е откриена древна религиозна реликвија. Сметајќи ја за доказ за постоењето на Бог, екипажот ја зема на бродот. Некои ѝ се поклонуваат, додека други ѝ се потсмеваат. Кога еден сатански артефакт ќе разбуди долго заспана вонземјанска раса, се ослободува неред и незапирлив колеж. Бродот станува вистински пекол.
Озвучување ГлумецУлогаНика ФутерманАлиса ВинсентКит Шарабајкад-р КејнКевин Мајкл РичардсонСемјуел Ајронс / ПендлтонХал СпарксРамиресФил МорисХансенКели ХуРенЏеф БенетДобсЏим Камингскапетан МатиусЛија СарџентЏенифер БароуБрус БокслајтнерКолин Бароу
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Американски филмови за чудовишта Категорија:Американски филмови за зомбија