„Поезија“ — збирка со песни од творештвото на македонскиот поет Анте Поповски, објавена во 1990 година од издавачката куќа „Наша книга“, како прва книга од тритомниот избор од творештвото на Поповски. Изборот, редакцијата и поговорот се дело на Слободан Мицковиќ, а ликовно-графичкото уредување е дело на Томислав Филипов. Книгата била испечатена во ГИП „Гоце Делчев“, Скопје во тираж од две илјади примероци, а нејзиното објавување било финансиски помогнато од Републичката заедница на културата — Скопје. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетската библиотека „Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 86-373-0424-9.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 4 и 553.

Содржина Книгата ги содржи сите поетски збирки на Поповски, објавени до крајот на 1980-тите:Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990. „Ненасловена“ „Сина песна“ „Љубопис“ „Тајнопис“ „Камена“ „Непокор“ „Вардар“ „Одблесоци“

Наводи

Категорија:Дела на Анте Поповски Категорија:Книги од 1990 година Категорија:Појавено во 1990 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1990 година