Грб на Монтреал — дизајниран од Жак Виже, првиот градоначалник на Монтреал, а усвоен во 1833 година од страна на градските советници. Биле направени модификации околу сто и пет години подоцна и усвоени на 21 март 1938 година, а потоа и на 13 септември 2017 година, што резултирало со верзијата што е во употреба моментално. Грбот бил единствениот градски амблем што го претставувал Монтреал до 1981 година, кога било развиено стилизирано лого за секојдневна употреба, резервирајќи го грбот за церемонијални пригоди.
Историја лево|мини|162x162пкс| Првиот грб (1833) Првиот грб бил прикажан на бел штит, кој имал црвен Андреин крст со четири различни симболи, претставувајќи ги четирите главни компоненти на населението, како што ги гледале градоначалникот Жак Виже и градскиот совет во 1833 година, кога грбот бил дизајниран и усвоен. На врвот, розата била за англиското наследство на населението, декстерот - трн за Шкотите, гранче детелина за ирското наследство на градот, а на дното, дабар, за Французите кои првично се населиле на територијата и тргувале со крзна.
Во 2017 година, градскиот совет одлучил да додаде симбол што ќе ги претставува домородните народи, бел бор во круг на средината од крстот.
Национални симболи Петте цветни дизајни што се наоѓаат на штитот се традиционални национални симболи сами по себе, при што секој од нив алудира на специфичен историски елемент што го користела државата или нацијата. 95x95пкс99x99пкс99x99пкс108x108пкс119x119пкс Лилјан Црвената роза на династијата Ланкастер Тролист или детелина Трн Бел бор Лилјанот долго време се користел од француските кралски династии, како што се Бурбонците, како дел од нивниот грб и се наоѓал на националното знаме на Французите во времето кога бил основан Монтреал, а се користел и како знак на чест или наклонетост од страна на кралот на Франција. Првите европски доселеници што го поседувале островот Монтреал потекнувале од Франција и затоа се претставени со овој симбол.
Црвената роза на Ланкастер се користела како симбол на англиската кралска ланкастерска династија, а станала и симбол на англискиот народ.
Традиционално позната како трилист, детелината била симбол на тројството за раните ирски христијани. Таа концепција преживеала и станала симбол на ирскиот народ.
Трнот, кој се наоѓа во разни фолклорни преданија на Шкотите уште од римско време, долго време се користел и во подножјето на шкотскиот кралски грб и бил симбол на шкотскиот народ долго пред употребата на хералдиката.
Белиот бор ги симболизира домородните народи и се залага за мир и хармонија. Исто така, го претставува Кругот на животот и огнот на советот – место за состаноци и дијалог за Првите Нации.
Лого Во 1981 година, при обид да се модернизира употребата на вакви амблеми во градот, Монтреал вовел лого за општа општинска употреба, додека грбот требало да биде резервиран за најформалните церемонии и настани. Логото се состоело од името на градот со надреден знак како што се среќава во францускиот правопис и стилизирана розета која е составена од четири срца. Официјално, буквите требало да бидат во црна боја, а розетата во црвена, но постојат неколку варијации за печатење кога поставените бои не би изгледале добро на документите.
Голем Монтреал се обидел да го обедини градот Монтреал со другите осумдесет и една околна општина под едно лого во 2006 година. Логото што било претставено се состоело од стилизирано „М“ кое требало да изгледа, како што изјавила дизајнерската фирма, „намерно дебело, многу пријатно, како удобна фотелја“. Сепак, логото добило многу негативни критики поради неговите бои, кои биле сметани за детски и кловновски. Јавното мислење станало уште понегативно кога било откриено дека цената на лошо примениот дизајн изнесувала 1.487.000 долари исплатени од јавниот фонд. Самиот Монтреал продолжува да го користи логото од 1981 година, па дури и Голем Монтреал оттогаш го отфрлил дизајнот што самиот го вовел.
Поврзано
Канадска хералдика Национални симболи на Канада
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Хералдика Категорија:Грбови на градови Категорија:Грбови со рози