Џоел Мохамед Рамзан Пиру (роден на 2 август 1999 година, во Вихен) — холандски фудбалер, напаѓач на .
Биографија Роден во Холандија, Пиру има суринамско потекло.
Технички карактеристики Централен напаѓач, кој природно игра со левата нога. Физички е многу силен и вешт со топката во нозете.
Клупска кариера Почетоци и настапите во Холандија Како дете Пиру играл за неколку клубови во Холандија. Кариерата ја започнал на петгодишна возраст во СКЕ Најмиген, а потоа играл за Квик 1888, Вузик, НЕК, пред да дојде во академијата на ПСВ Ајндховен од големиот ривал Фејенорд, во 2014 година. Во ноември 2016 година, тој го потпишал првиот професионален договор со ПСВ.
Своето деби во професионалниот фудбал, Пиру го направил со втората екипа на ПСВ во Ерсте дивиси, во натпревар против Ахилес '29 на 2 декември 2016. На 17 март 2017 година, го постигнал својот прв гол во кариерата во победата на Јонг ПСВ на домашен терен над Хелмонд Спорт со 3-0. Првата сезона ја завршил со 12 настапи и 2 постигнати гола во првенството.
Следната сезона тој одиграл 6 натпревари без постигнат гол. За време на сезоната 2018-2019 во Ерсте дивиси, откако постигнал гол против НЕК и Јонг Ајакс, тој реализирал два гола за првпат во кариерата против РКЦ Валвајк, а на 21 декември 2018 година, Пиру го постигнал првиот хет-трик во кариерата одбележувајќи 4 гола во мрежата на Алмере Сити во победата со 5-2. Во март 2019 година, за првпат бил повикан во првиот тим за натпреварот од Ередивиси против НАК Бреда, во кој останал неискористена замена. Сезоната ја завршил со 29 настапи и 11 гола за Јонг ПСВ.
Во сезоната 2019-2020, Пиру оди на позајмица во Спарта Ротердам, каде одиграл 18 натпревари и постигнал 2 гола во холандската прва лига; дебитирал во Ередивиси на 25 август 2019, во натпреварот против ПЕК Зволе (2-2), а неговиот прв гол во првенството дошол на 19 јануари 2020 година, во натпреварот Ајакс-Спарта 2-1.
На крајот од сезоната се вратил во ПСВ и на 6 декември, во својот трет настап, го постигнал својот прв првенствен гол во последните минути од натпреварот Херенфен-ПСВ 2-2. Четири дена подоцна, тој играл за првпат како стартер во натпреварот против Омонија Никозија добиен со резултат 4-0, во рамките на последното коло од групната фаза на Лига Европа, постигнувајќи ги своите први два гола во европските натпреварувања; со тоа, станал првиот дебитант на ПСВ што постигнал два гола во европски натпревар по Роналдо во 1994 година.
Свонзи Сити На 2 јули 2021 година, Пиру се преселил во екипата од Чемпионшип, , која за неговите услуги му платила на ПСВ околу 1 милион фунти. Тој постигнал гол уште на своето деби со Свонзи, во победата со 3-0 над Рединг во Лига купот на 10 август 2021. Својот прв гол во Чемпионшип го постигнал во својот втор натпревар, поразот со 1-3 на домашен терен од . Првата сезона ја завршил со 45 настапи 22 гола и 6 асистенции во првенството. Во следната сезона, тој имал речиси идентични бројки во 43 настапи, постигнувајќи 19 гола и 2 асистенции, потврдувајќи се како одличен напаѓач за Чемпионшип.
Лидс Јунајтед На 24 август 2023 година, бил купен од за 10 милиони фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот кој испаднал од Премиер лигата. Првиот гол во дресот на Лидс го постигнал на своето деби, во првенствената победа со 4–3 над Ипсвич Таун на 26 авуст 2023. Неговата прва сезона со новиот дрес била позитивна, постигнал 13 гола и имал 3 асистенции во 45 одиграни првенствени натпревари, придонесувајќи за третото место на табелата. Сепак, во плејофот клубот не успеал да се избори за враќање во Премиер лигата, губејќи го финалето од Саутхемптон. Сепак, во втората сезона тој конечно успеал да избори промоција во Премиер лигата, после победата со 6-0 над Стоук Сити на 21 април 2025, натпревар во кој Пиру постигнал четири гола. На едно коло пред крајот тој бил најдобар стрелец во Чемпионшип со 19 постигнати гола.
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 2 мај 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 ЕЕ 28 5 - - - - - - - - - 28 5 2018-2019 ЕЕ 29 11 - - - - - - - - - 29 11Вкупно Јонг ПСВ 57 16 0 0 0 0 0 0 57 16 2019-2020 Е 18 2 КХ 2 0 - - - - - - 20 2 2020-2021 ПСВ Ајндховен Е 11 1 КХ 2 0 ЛЕ 1 2 - - - 14 32021-2022 ФЛЧ4522ФАКуп+ЛК1+11+1 - - - - - -47242022-2023ФЛЧ4319ФАКуп+ЛК2+01+0 - - - - - -4520авг. 2023-2024ФЛЧ30ФАКуп+ЛК0+10+2 - - - - - -42Вкупно Свонзи Сити914155000096462023-2024 ФЛЧ45+313+1ФАКуп+ЛК4+10+2 - - - - - -53162024-2025ФЛЧ4419ФАКуп+ЛК1+10+0 - - - - - -4619Вкупно Лидс Јунајтед92337200009935Вкупно во кариерата 269 93 16 7 1 2 0 0 286 102
Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварување1 21/12/2018 Де Хердганг, Ајндховен 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 5 - 2 Ерсте дивиси 2018-20192 21/04/2025 Еланд Роуд, Лидс 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 6 - 0 Чемпионшип 2024-2025
Титули Лидс Јунајтед Чемпионшип : 1 2024-2025
Наводи
Надворешни врски
Џоел Пиру на soccerway Џоел Пиру на transfermarkt Џоел Пиру на espn Џоел Пиру на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен Категорија:Фудбалери на АФК Свонзи Сити Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Родени во 1999 година