Метларски занает — традиционален занает за изработка на метли.
Историјат Најраните метли се од праисторија, кога најчесто биле правени од птичји крила заврзани на дршки изработени од коска или дрво. Подоцна, се изработувале метли од гранки кои на дршката се заврзувале со јасен. Овие метли станале симбол на пиварите во Англија, каде се користеле како мешалка додека се ферментирал алкохолот. Често пати не се чистела оваа метла за да остане квасецот кој се лепел за гранките за следно користење. лево|мини|258x258пкс|Метла за метење ситна слама и плева од с. Брест - Скопска Црна Гора, Скопско
За занаетот Со метларскиот занает се изработуваат метли кои се користат за чистење и метење главно на отворен простор. Метлите се произведуваат од гранчиња на бреза, од ориз или сирак (растение), врзани во сноп. Најчесто оние што изработувале метли на овој начин, се занимавале и со изработка на четки.
Ова е занает кој се појавил и се работел исклучиво рачно. Денес најчесто метлите се произведуваат во големи работилници, или индустриски во фабрики.Tešić, Miloš; Martinov, Milan; Lazić, Lazar, ур. (1992). Стари занати у Војводини (Научно-стручни скуп Стари занати у Војводини). Novi Sad: Kulturno-istorijsko društvo Proleće na čenejskim salašima - PČESA. стр. 135—142.
За метлите кои биле изработени во домашни услови материјалот се собирал подолго време во природата или пак произведувачите сами одгледувале растенија чии гранчиња биле погодни за изработка на метла.Метлар
Метлата се изработува од истоименото растение, се бере се сече на есен, се суши, и кога е сува, се носи на мајстор да ги изработи метлите. Една метла е готова за половина час. Метлата е растение слично на пченицата, и се садело по меѓите, околу нивите.Метлар во Велес
Поврзани страници Метла
Наводи
Категорија:Занаети