Роберт Јарни (роден на 26 октомври 1968 година, во Чаковец) — хрватски фудбалски тренер и поранешен играч од одбраната или од средниот ред.

Клупска кариера Роден во Чаковец, својата фудбалска кариера Јарни ја започнал во екипата од својот роден град МТЧ Слога Чаковец. Во 1985 година, играјќи за клубот во куп натпревар во Сплит бил забележан од скаутите на Хајдук, кој набргу станал неговиот нов клуб. За Хајдук дебитирал во сезоната 1986-1987 и одиграл пет сезони со клубот во југословенското првенство, забележувајќи преку 150 настапи.

Во 1991 година, тој се преселил во италијанската Серија А, каде најпрво две години играл за , а потоа во сезоната 1993-1994 го носел дресот на . По добрата сезона со „биковите“, во 1994 година тој потпишал за градскиот ривал кој го платил 900 милиони лири. Сепак, во црно-белата страна на градот Торино, тој не успеал да ги оправда очекувањата; честопати бил оставен на клупата од тренерот Марчело Липи, но на крајот ја освоил двојната круна (првенството и купот) во Италија.

Во 1995 година, Јарни потпишал за шпанскиот клуб Реал Бетис, каде имал успешни три години играјќи редовно и постигнувајќи голови. Во летото 1998 година, Јарни бил купен од англискиот Ковентри Сити, но веќе истото лето бил продаден на тогашниот европски шампион Реал Мадрид. Оваа несекојдневна ситуација, некои ја толкувале како заедничка тактика на Ковентри Сити и Реал Мадрид, бидејќи Бетис претходно одбил да го продаде играчот на мадридскиот клуб. Сепак, во Реал Мадрид тој не успеал да се наметне, играјќи само една сезона, главно како резерва.

Во периодот 1999-2001, Јарни настапувал за Лас Палмас, на кој му помогнал да избори промоција во Примера Дивисион во неговата прва сезона. По неколку месеци без клуб, во јануари 2002 година потпишал шестмесечен договор со грчкиот клуб Панатинаикос, со цел да избори место во репрезентацијата за Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја. Откако успеал во својата намера и настапил на првенството, тој ја завршил својата играчка кариера во летото 2002 година на 33 годишна возраст.

Репрезентативна кариера Својата репрезентативна кариера, Јарни ја започнал со Југославија; играјќи првично за репрезентацијата на Југославија под 20 години, во 1987 година тој учествувал на Светското првенство во категоријата одржано во Чиле, каде Југославија играла одлично и на крајот го освоила натпреварувањето, совладувајќи ја Западна Германија во финалето по изведување на пенали.

За сениорската репрезентација на Југославија дебитирал на 26 мај 1990 година, во пријателски натпревар против одигран во Љубљана. Напосредно потоа, бил повикан да ја претставува земјата на Светското првенство 1990 во Италија, каде настапил само еднаш, влегувајќи како замена во натпреварот од групната фаза против Колумбија добиен со 1-0.

После 7 настапи и еден постигнат гол за Југославија во периодот 1990-1991, веднаш по осамостојувањето на Хрватска, Јарни продолжил да игра за оваа репрезентација како редовен член во периодот помеѓу 1990-тите и почетокот на 2000-тите, забележувајќи вкупно 80 настапи. Своето деби за хрватската репрезентација го имал на 22 октомври 1992, во пријателски натпревар против , а со истата настапил на Европското првенство 1996 и на Светските првенства во 1998 и 2002. Врвот на неговата кариера било учеството на Светското првенство 1998 во Франција, турнир на кој одиграл клучна улога во водењето на Хрватска до бронзениот медал, играјќи ги сите натпревари и постигнувајќи гол во победата со 3-0 над фаворитот Германија во четвртфиналето.

Хронологија на репрезентативните настапи Југославија

Хрватска

Тренерска кариера Во август 2007 година, Јарни се вратил во Хајдук во новата улога на асистент тренер на Сергије Крешиќ, кој поднел оставка два месеци подоцна, оставајќи го тимот во рацете на Јарни до крајот на сезоната. Сплитскиот тим ја завршил сезоната на 5-тото место на табелата, со 30 бода зад шампионот .

На 4 август 2010 година, тој бил назначен за нов тренер на Истра на местото на отпуштениот Анте Мише. По два нерешени резултати и четири порази, Јарни поднел оставка.

На 17 декември 2012 година, бил назначен за тренер на тимот под 19 години на . На 3 декември 2013 година, бил ангажиран за тренер на . На 9 април 2014 година, по неколку разочарувачки резултати и наоѓајќи се со тимот на четвртото место на табелата во првенството, на четири бода од врвот, тој бил отпуштен.

На 25 ноември, тој бил назначен за тренер на Печ, наоѓајќи го клубот на дното на табелата во унгарското првенство. Стигнал до четвртфиналето на Купот на Унгарија, каде тимот бил елиминиран од Видеотон со 5-1, додека во првенството го освоил единаесеттото место, изборувајќи опстанок. На 1 јуни 2015 година, со тимот во финансиски проблеми и без лиценца за учество повторно во првата лига, тој го напуштил клубот. На 8 јуни, тој бил назначен за нов тренер на Пушкаш Академија. На 16 април 2016, по поразот на домашен терен против Бекешчаба со 1-0 тој бил отпуштен.

На 16 јуни 2017 година, тој бил назначен од хрватскиот фудбалски сојуз за тренер на репрезентацијата под 19 години.

Во август 2019, Јарни се вратил во клупскиот фудбал преземајќи ја тренерската функција во НортИст Јунајтд, екипа од Индија. На 10 февруари 2020 година, тој бил отпуштен од функцијата, по лошата серија од единаесет натпревари без победа што го оставило тимот на деветтото место од десет екипи на табелата во Суперлигата на Индија.

На 3 август 2022 година, тој станал селектор на Хрватска под 17 години. Откако дал некои контроверзни изјави во врска со натпреварот од Лига Европа помеѓу и , во кои тој ја изрази својата јавна поддршка за шпанскиот тим, хрватската федерација одлучила да го отпушти.

Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол1986-1987 1Л 21 0 КЈ 5 0 КУ 5 0 - - - 31 01987-1988 1Л 15 0 КЈ 2 0 КПК 1 0 - - - 18 01988-1989 1Л 31 6 КЈ 0 0 - - - - - - 31 61989-1990 1Л 31 2 КЈ 7 0 - - - - - - 38 21990-1991 1Л 29 8 КЈ 8 4 - - - - - - 37 12окт. 1991 1Л 0 0 КЈ 0 0 КПК 2 0 - - - 2 0Вкупно Хајдук Сплит 127 16 22 4 8 0 - - 157 20авг. 1991-1992 А 24 0 КИ 1 0 - - - - - - 25 01992-1993 Б 28 3 КИ 5 1 - - - - - - 33 4Вкупно Бари 52 3 6 1 58 41993-1994 А 23 0 КИ 4 0 КПК 3 1 СИ 1 0 31 11994-1995 А 15 1 КИ 6 0 КУ 9 0 - - - 30 11995-1996 ПД 22 2 КШ 1 0 КУ 5 1 - - - 28 31996-1997 ПД 36 5 КШ 6 0 - - - - - - 42 51997-1998 ПД 28 6 КШ 3 0 КПК 6 0 - - - 37 6Вкупно Бетис 86 13 10 0 11 1 107 141998-1999 ПД 27 1 КШ 2 0 ЛШ 5 2 СУ+ИнтК 1+1 0 36 31999-2000 СД 17 4 КШ 0 0 - - - - - - 17 42000-2001 ПД 26 2 КШ 1 0 - - - - - - 27 2Вкупно Лас Палмас 43 6 1 0 44 6јан. 2002 АЕ 5 0 КГ 0 0 ЛШ 3 0 - - - 8 0Вкупно во кариерата 378 40 51 5 39 4 3 0 471 49

Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Југославија199041199130Вкупно71 Хрватска199210199310199470199560199612019976019981411999902000602001110200270Вкупно801

Титули Клупски Хајдук Сплит Куп на Југославија : 2 1986-1987, 1990-1991

Јувентус Серија А : 1 1994-1995 Куп на Италија : 1 1994-1995

Реал Мадрид Интерконтинентален куп : 1 1998

Лас Палмас Сегунда Дивисион : 1 1999-2000

Репрезентативни Југославија под 20 Светско првенство под 20 години : 1 1987

Хрватска Светско првенство : 20px|Бронзен медал Трето место: 1998

Наводи

Надворешни врски

Роберт Јарни на soccerway Роберт Јарни на transfermarkt Роберт Јарни на espn Роберт Јарни на whoscored

Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Хрватски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Реал Бетис Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Лас Палмас Категорија:Фудбалери на ФК Панатинаикос Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Тренери на ФК Хајдук Сплит Категорија:Родени во 1968 година