Хартмановиот раствор, познат и како Рингер-лактат е смеса на натриум хлорид, натриум лактат, калиум хлорид и калциум хлорид во вода. Се користи за надополнување на течности и електролити кај пациенти со хиповолемија или со низок крвен притисок. Може да се користи и во третманот на метаболна ацидоза и за испирање на окото по хемиски изгореници. Се дава како интравенска инфузија или со аплицирање на зафатеното место.
Несаканите ефекти може да вклучуваат алергиски реакции, хиперкалемија, хиперволемија и хиперкалцемија. Може да не е погоден за мешање со одредени лекови. Рингеровиот лактат има помала веројатност да предизвика или да ја влоши ацидозата во споредба со физиолошкиот раствор. Употребата за време на бременост и доење е генерално безбедна. Рингеровиот лактат спаѓа во групата на кристалоидни раствори. Тој е изотоничен, т.е. има иста тоничност како и крвта.
Рингеровиот раствор бил откриен во 1880-те; лактатот бил додаден во 1930-те. Се наоѓа на листата на неопходни лекови на СЗО. Хартмановиот раствор е достапен како генерички лек. Кај пациентите со хепатална инсуфициенција, Рингеров ацетат може да биде подобра алтернатива, при што лактатот е заменет со ацетат. Во Скандинавија вообичаено се користи Рингеров ацетат.
Наводи
Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација