мини|Игличен печатач мини|десно|Игличен печатач за широка 14-инчна хартија мини|upright|Печатачка глава на 24-игличен печатач (Tally Genicom T2240) мини|upright|Печатачка глава на 9-игличен печатач (Star NL10) Игличен печатач или матричен печатач () — механички печатач за сметачи.Девета гимназија: Рачунарство и информатика , Приступљено 17. 10. 2012. Печатење со иглички (), кои преку лента натопена во боја () оставаат отпечаток на хартијата. Името го добил токму по иглите кои ги оставаат отпечатоците, а другото име споре отпечатотците од иглите во облик на матрица, врз основа на кои се обликуваат различни знаци. Спаѓа во групата на ударни печатачи, заедно со буквените печатачи и црталото (плотер).Висока школа електротехнике и рачунарства струковних студија: Рачунарска графика, скрипте 3 део (стр 1), пдф формат , Приступљено 17. 10. 2012.

Главни делови Деловите на игличниот печатач се:Техничка школа Ужице: Штампачи , Приступљено 17. 10. 2012.

глава за печатење со 9, 18 или 24 игли и електромагнети чекорен мотор за движење на хартијата чекорен мотор за движење на главата за печатење микропроцесор за контрола на работата, со управувачки програми складирани во посебен памтилник ROM и EPROM памтилник каде се чуваат веќе обликувани знаци - генератор на знаци лента натопена со боја, сместена во пластична касета

Принцип на работа Главата за печатење е поставена на точно определено растојание и насочена кон хартијата. Се движи по оска поставена под прав агол на движењето на хартијата и се движи хоризонтално долж еден печатен ред. Иглите на главата се активираат со со помош на електромагнет при проток на струја низ главата, удираат на лентата со боја и оставаат отпечаток на хартијата. Бројот на иглички во главата го одредува максималниот број точки што главата може да ги испечати во една положба. Секоја од иглите е поврзана со еден погонски електромагнет, под влијание на електричен импулс. Иглите се независни една од друга, што значи дека секоја од нив може да се движи независно. Струјата ја загрева главата, што може да ги оштети иглите при долготрајно и постојано работење. Заради тоа квалитетот на печатењето се влошува со текот на времето, па неопходно е да се замени главата.

Игличниот печатач не обработува документи страница по страница, туку печати низа од ASCII знаци, ред по ред, и затоа има многу мал мемориски бафер. Оттука, брзината на печатење се изразува во број на знаци отпечатени во секунда (), што се движи помеѓу 50 и 300. Брзината зависи од печатачот и квалитетот на печатењето, кој се изразува во точки по инч (), вредности обично околу 75.Гимназија Параћин: Штампач , Приступљено 17. 10. 2012. Може да печати во една боја, во зависност од поставената лента, чиешто абење влијае и на квалитетот на печатењето.

За опишување на страницата за печатење овој печатач не користи сложени јазици, како што се PCL или PostScript, туку едноставни кодови за поставување на основните параметри како што се големината на страницата и квалитетот на печатењето, додека посложената обработка се врши на личен сметач.

Примена Најчесто се користи во банкарството, финансиите, сметководството, фармацијата, како и во различни деловни апликации, секаде каде што е потребно брзо и евтино печатење на различни, главно податоци засновани на знаци, со можност за печатење во повеќе копии,Микро рачунари: Матрични штампачи , Приступљено 17. 10. 2012. или повеќе облици, што е овозможено со физичкиот допир помеѓу главата за печатење и хартијата. Ова е особено точно за случаи каде што има малку графики, односно за документи како што се обрасци, уплатници или фактури, со можност за користење на различни видови хартија. Така, на пример некои модели користат поврзани листови хартија, што се водат со дупки на рабовите.

Предности и недостатоци Во 1980-тите, игичниот печатач бил многу популарен, бидејќи бил мал, не премногу скап и многу сигурен. Сепак, поради неговата бавност, високиот шум, тешката употреба на механика и нискиот квалитет на печатење, сега сè поретко се среќава во домашна или канцелариска употреба. Сепак, во некои работни места тој остана незаменлив, главно поради неговата робусност, долговечност и ниска цена на употребуваните материјали. Цената на матричен печатач е слична на цената на ласерскиот печатач, но замената на лентата е речиси симболична. Главните производители на овој тип на печатачи денес се Epson и Oxidata.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Печатачи Категорија:Американски пронајдоци Категорија:Појавено во 1970 година