Притаено зло: Апокалипса () — американски акционен филм на ужасите заснован на серијата игри Resident Evil. Објавен е во 2004 г. и е продолжение на филмот Притаено зло од 2002 г. Филмот користи многу елементи од игрите Resident Evil 2, Resident Evil 3: Nemesis и Resident Evil Code: Veronica.

Филмот го напишал и продуцирал Пол В. С. Андерсон, кој исто така го режирал, напишал и продуцирал првиот филм; „Апокалипса“ го режирал Александар Вит. Андерсон не можел да го режира вториот дел, бидејќи веќе бил зафатен со работа на акциониот филм Осмиот патник против Предаторот. Третиот филм, Притаено зло: Истребување, бил објавен на 20 септември 2007 г.

Содржина Кога мајорот Кејн повторно ја отвора лабораторијата „Улиште“, има појава на Т-вирусот во градот Ракун Сити. Водачот на Амбрела ја затвора портата кон градот и ги заробува преживеаниците со загадените зомбија и го ослободува Немезис за да ги уништи членовите на S.T.A.R.S. за да испита колку е моќно ова смртоносно оружје. Во меѓувреме, Алис, Џил Валентајн и Карлос Оливера се обидуваат да ја најдат Анџела, малата ќерка на д-р Ешфорд, која е заробена во Ракун Сити, како начин да избегаат од опсадата на градот.

Улоги

|Мила Јовович |Алис |- |Сиена Гилори |Џил Валентајн |- |Одед Фер |Карлос Оливера |- |Томас Кречман |Тимоти Кејн |- |Софи Вавасир |Анџела Ешфорд |- |Разак Адоти |Пејтон Велс |- |Џаред Харис |д-р Чарлс Ешфорд |- |Мајк Епс |Ел-Џеј Вејд |- |Сандрин Холт |Тери Моралес |- |Метју Џ. Тејлор |Немезис |- |Зак Ворд |Николај Жуков |- |Ијан Глен |д-р Александар Ајзакс

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови од 2004 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Германски филмови Категорија:Француски филмови Категорија:Британски филмови Категорија:Канадски филмови Категорија:Resident Evil Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Канадски хорор-филмови Категорија:Филмови за вируси