Емилија Перес„Перез“ е погрешно. Според Правописот од 2017 година, буквата „z“ од шпански се транскрибира како „с“ на македонски јазик. () — француска крими-комедија од 2024 г. во режија на Жак Одијар, заснована на неговото сопствено сценарио. Во филмот играат Карла Софија Гаскон, Зои Салдана, Селена Гомес, Адријана Пас и Едгар Рамирес. Премиерно бил прикажан во мај 2024 г. на Канскиот кинофестивал, каде што ја освоил наградата на жирито, а глумиците (Гаскон, Гомес, Пас и Салдана) ја освоиле наградата за најдобра женска улога. Филмот бил предложен за 10 „Златни глобуси“, освојувајќи четири: за најдобар филм — мјузикл или комедија, за најдобра споредна глумица во игран филм, за најдобар филм на странски јазик и за најдобра песна. Добил и 13 номинации за наградите „Оскар“, поставувајќи рекорд за најмногу номинации на филм надвор од англиското говорно подрачје. Исто така, филмот освоил две награди БАФТА: за најдобра споредна глумица и за најдобар неанглојазичен филм. Премиерата на филмот во Франција се одржала на 21 август 2024 година, а во Македонија на 9 јануари 2025 година.РТС, Емилија Перез (пристапено на 2.3.2025

Содржина Преквалификувана и потценета, Рита е адвокатка во голема фирма, чиј интерес е да ги брани најголемите злосторници наместо да ги изведе пред лицето на правдата. Еден ден, таа добива неверојатна понуда: водачот на наркокартелот, Манитас, ја ангажира за да му помогне да се повлече од бизнисот и да го спроведе планот што тајно го подготвувал со години — да стане жената за која отсекогаш сонувал...

Улоги ГлумецУлогаЗои СалданаРита Мора КастроКарла Софија ГасконЕмилија Перес / Хуан „Манитас“ дел МонтеСелена ГомесЏеси дел МонтеАдријана ПасЕпифанија ФлоресЕдгар РамиресГуставо БрунМарк Иванирд-р Васерман

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на шпански јазик Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Мексико Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лондон Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Швајцарија Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Бангкок Категорија:Филмови поврзани со убиства Категорија:Трилери Категорија:Филмови на Жак Одијар Категорија:Филмови со Марк Иванир Категорија:Филмови со Зои Салдана Категорија:Филмови со Селена Гомес Категорија:Филмови со Карла Софија Гаскон Категорија:Филмови со Адријана Пас Категорија:Филмови со Едгар Рамирес