Добрица Бурзевска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица од 1941 година.
Животопис десно|мини|200x200пкс|Партизанската споменица 1941, чиј носител е Добрица Бурзевска. Како студент на Филозофскиот факултет во Белград била член на воспитна група и уште тогаш носела храна на политичките затвореници. Учествувала во демонстрации и други манифестации организирани од КПЈ во Белrрад. По окупирањето на земјата дошла во селото Горна Бањица, Гостиварско и веднаш формирала воспитна група од работници, селани и младинци. Во септември 1941 година со семејството се преселила во селото Чајле, Гостиварско. Тука, веднаш се вклучила активно и орrанизирано да работи во заднината на НОД. Пренесувала и растурала пропаганден материјал, собирала храна и други слични активности за НОВ. Организирала младинци и симпатизери, чувала илегалци. Од април 1942 година станала член на КПЈ. Набргу бнла избрана во Месниот Комитет на КПМ - Гостивар, а во 1943 година станала член на Околискиот комитет на КПМ - Гостивар. На оваа функција останала до ослободувањето на земјата. Носител е на Партизанска споменица 1941.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941