Јоже Сној (роден на 17 март 1934 – починал на 7 октомври 2021 година) — словенечки поет, романсиер, новинар и есеист. За животно дело и богат книжевен опус му била доделена Прешерновата награда во 2012 година.

Роден бил во Марибор, тогаш дел од Кралството Југославија, во богато словенечко семејство. Неговиот вујко, Франц Сној, бил истакнат член на Словенечката народна партија и министер во кралската југословенска влада. Во април 1941 година, по инвазијата на Југославија, тој избегал со семејството од нацистите во Долењска, окупирана од Италија. Оттаму, семејството морало повторно да побегне во Љубљана за да го избегне прогонот од партизанското движење предводено од комунистите. Во 1947 година, неговиот вујко Франц Сној бил осуден на 20 години затвор во монтиран судски процес заедно со други либерални и социјалдемократи кои се обидоа да организираат легална опозиција на комунистичкиот режим на Јосип Броз Тито (т.н. судење на Нагоде). Овие искуства длабоко влијаеле врз подоцнежниот литературен опус на Јоже Сној.

По дипломирањето словенска филологија на Универзитетот во Љубљана започнал да работи како известувач во весникот Дело. Заедно со Дане Зајц, Грегор Стрниша, Доминик Смоле, Марјан Рожанц и други, тој бил дел од генерацијата која, под влијание на „модернистичкиот пресврт“ на поетот Едвард Коцбек, силно го предизвикала книжевниот канон воспоставен од комунистичкиот режим. Во 1963 година ја објавил својата прва збирка поезија „Млинот со сто очи“, која била силно критикувана од книжевниот естаблишмент поради наводно декадентна и нихилистичка содржина. Сној подоцна се приближил до католицизмот, изразувајќи религиозни и метафизички преокупации во делата како „Елегија за таткото и татковината“ и „Духовни песни“. Меѓу неговите романи, најпознати се „Ридот на бесилка“, автобиографски роман за неговото воено детство, во кој ги истражува изворите на злото, и „Јозеф или раната дијагноза на срцевиот рак“.

Наводи

Категорија:Апсолвенти на Љубљанскиот универзитет Категорија:Добитници на Прешерновата награда Категорија:Словенечки раскажувачи Категорија:Словенечки романописци Категорија:Словенечки поети Категорија:Починати во 2021 година Категорија:Родени во 1934 година