Марјан Рожанц (21 октомври 1930 – 18 септември 1990 година) бил словенечки автор, драматург и новинар. Тој е претежно познат по своите есеи и се смета за еден од најистакнатите есеисти на словенечки јазик, заедно со Иван Цанкар, Јоже Јаворшек и Драго Јанчар и како голем мајстор на стилот.

Биографија Роден е во селото Девица Марија против Пољу (сега дел од Полскиот округ, Љубљана),Словенија (тогаш дел од Кралсто Југослвотавија ). Тој посетувал средно училиште за време на Втората светска војна,кога покраината Љубљана била дел од Италија . По војната кратко работел како физички работник. Во 1950 год бил регрутиран во ЈНА, а служел во Пожаревац,Србија. Поради неговите некомформистички ставови, тој бил обвинет за „ непријателска пропаганда “ против комунистичкиот режим и беше осуден на три и пол години затвор. Бил ослободен во 1955 год и се вратил во Словенија.

Се населил во Марибор, каде што започнал кариера како новинар. Во раните 1950ти,тој се вратил во Љубљана, каде што започнал кариера како слободен писател и колумнист. Тој се вклучил во кругот на млади интелектуалци познат како Критичка генерација. Тој станал близок пријател на христијанскиот социјалистички поет Едвард Коцбек и на егзистенцијалистичкиот драматург Доминик Смоле. Подоцна, тој се приближил до христијанските идеали, особено преку влијанието на христијанските егзистенцијалистички мислители како што се Сорен Киркегор и Мигел де Унамуно.

Кариера Тој станал ко-уредник на алтернативното независно книжевно списание Перспектива, а понатаму и директор на експерименталниот театар наречен Сцена 57. Во 1964 год, театарот се обидел да постави една од критичките драми на Рожанц,Топла града, но комунистичкиот режим насилно ја прекинал поставката. Рожанц воспостави врски со словенечките римокатолички интелектуалци од Трст-Италија, критички настроени кон југословенскиот комунистички систем,и објави неколку написи во списанието Мост, уредено од Борис Пахор и Алојз Ребула. Тој билосуден на 2 и пол години, но пуштен на условна слобода. Во 1970тите работи како спортски менаџер во Љубљана. Во 1979 год го објави својот најпознат роман Љубезен, автобиографски приказ на секојдневниот живот на едно дете во Љубљана за време на Втората светска војна. Во истата година се населил во Карстскиот регион во Словенечкото приморје и продолжил да објавува есеи и раскази во различни словенечки списанија. Во 1987 год,тој беше помеѓу авторите на Прилозите за словенечката национална програма.

Во 1990 год активно ја поддржал кандидатурата на Јоже Пучник за претседател на Словенија, но никогаш не се приклучил на ниту една политичка партија или организација.

Тој починал во Љубљана.

Во 1993 година, по него била именувана наградата Рожанц за најдобар есеј на словенски јазик.

Наводи

Надворешни врски

Литературата во контекст

Категорија:Добитници на Прешерновата награда Категорија:Починати во 1990 година Категорија:Родени во 1930 година Категорија:Словенечки драматурзи