Музеј на современа уметност () — музеј кој се наоѓа во Љубљана, Словенијаи претставува главен музеј и галерија на словенечките уметнички дела од 20 и 21 век.

Историја Основан со декрет на владата на Народната Република Словенија на 30 декември 1947 година, и официјално отворен за јавноста на 3 јануари 1948 година, музејот содржи постојана колекција на уметност од 21. век од Словенија, како и уметност од странски уметници. Неговата централна зграда е дизајнирана од страна на Едвард Равникар и изградена е во 1948 година. Покрај тоа, музејот функционира и како место за: дебата, документација, образование, истражување и студии, со цел да ја зголеми присутноста на уметноста меѓу широка публика. Музејот има за цел да создаде различен модел на музеј, да го отвори дијалогот помеѓу институции кои следат слични приоритети и оние кои градат нови модели на културна продукција.

На 26 ноември 2011 година, музејот бил проширен со Музејот за современа уметност Метелкова, кој се наоѓа на улицата Метелкова.

Наводи

Поврзано Национална галерија на Словенија Уметност на Словенија

Категорија:Музеи во Словенија