Златарна Цеље - словенечка златара лоцирана во Цеље. Околу 70% од нивниот бизнис е од продажба на накит и златни шипки, а компанијата исто така произведува и стоматолошки легури и индустриско злато. Салоните на Златарна Цеље се главно лоцирани во Словенија и земјите од поранешна Југославија. Денес, компанијата ги продава своите производи под имињата на брендовите Златарна Цеље и Ленција, од кои последната има колекција со словенечката скијачка Тина Мазе. Исто така, инвестирале во изградбата на хотелот БТЦ Сити во Љубљана.
Историја Џузепе Пакијаф, италијански златар, отворил работилница со 100 вработени во Габерје, Цеље во 1921 година со двајца браќа, Алојз и Иван Кнез. По Втората светска војнановата влада ги конфискувала половина од акциите на компанијата од наследникот на Пакијаф. Недолго потоа владата ги национализирала акциите и на Иван Кнез. Во 1963 година компанијата била под раководство на Општинскиот народен комитет (ОНК) Цеље, и продолжила да работи како занаетчиско претпријатие, кое потоа било трансформирано во индустриско претпријатие Златарна Цеље. Со текот на времето компанијата станала една од најважните компании во секторот и во овој дел од Европа извозувајќи производи во Европа, Северна Америка, Австралија и Азија. Во 1974 година компанијата достигнала годишен извоз од 1 милион долари.
По осамостојувањето на Словенија, Златарна Цеље била во финансиска неволја, најмногу поради загубата на југословенските пазари, но и поради неефикасноста и лошиот маркетинг. Во 1997 година компанијата банкротирала, но пред да мора да го затвори бизнисот, била спасена од Ауродент, една од нивните подружници. Во 1999 година, бизнисот бил преземен од семејството Албрехт преку компанијата AЛ, која обезбедила капитал за успешно лансирање на брендот. Бојан Албрехт поседува 55% контролен удел во корпорацијата, и е претседател на одборот.
По деловниот преглед на компанијата во 2011 година, здружението Светски совет за злато ја додале Златарна Цеље на списокот на доверливи трговци со злато. Златарата соработува и со словенечката скијачка Тина Мазе на колекцијата накит „Ленца“ од 2008 година. Во 2012 година, Златарна Цеље инвестирала во изградбата на хотелот БТЦ Сити, што е нивен најголем потфат. Категорија:Луксузни марки Категорија:Златари Категорија:Економија на Словенија