десно|мини|272x272пкс| Плакат кој ја нагласува важноста од обезбедување топла облека и обувки на партизанските единици во текот на зимата. Народноослободителниот фонд — установа на Народноослободителното движење на Југославија од 1941 до 1945 година, која била основана во првите денови на вооруженото во 1941 година, со главна задача собирање храна, пари, технички материјал и задовлување други потреби на партизанските единици. Прво се споменува како „Фонд на народното ослободување“, кој имал задача да организира исхрана и друго снабдување на партизанските одреди (Билтен на ГШ на НОПОЈ, бр. 1 од 10 август 1941 година).

Претходник на оваа установа била „Црвената помош“ која била основана во 1940 година. Била преименувана во „Народна помош на Југославија“, а во 1941 година во „Народноослободителниот фонд“.Crvena pomoć. Hrvatska enciklopedija, mrežno izdanje. Leksikografski zavod Miroslav Krleža, 2013. – 2025. Пристапено на 20.2.2025.

Дејности на Народноослободителниот фонд На почетокот на војната во 1941 година, на ослободената и полуослободената територија, како и во многу окупирани градови на Југославија, по директива на ЦК на КПЈ и на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, било пристапено на основање на одбори на Народноослободителниот фонд, како посебни организации, а ги организирале Народноослоботиелните одбори, во соработка со штабовите на единиците, воените заднински команди и други политички антифашистички организации. Во исто време, во некои делови на Југославија, до крајот на 1941 година на окупираната територија биле основани комитети на „Народна помош“.

Одборите на Народноослободителниот фонд на окупираната територија првично ги извршувале истите задачи како и одборите на Народна помош. Подоцна, опсегот на нивната работа се проширил. Задачите на Народноослободителните комитети во Словенија ги извршувала „Људска помоч“ и теренските одбори на Ослободителниот фронт. Покрај собирањето храна, пари и други потреби, одборите на Народноослободителниот фонд дејствувале како политички тела во некои краеви, организирале состаноци на симпатизерите на НОД, пренесувале директиви од партиските форуми, организирале разузнавачка служба, работеле на собирање родољупци околу платформата на народноослободителната борба и други активности. Во Срем, на пример, во 1941 и во првата половина на 1942 година, одборите на Народноослободителниот фонд биле и органи на власта. На ослободените и полуослободителните територии одборите на Народноослободителниот фонд постепено прераснале во делови на Народноослободителните одбори, а во многу региони во самите Народноослободителни одбори.

Поврзано Црвена помош Народноослободителен одбор

Наводи

Литература Енциклопедија на Југославија (книга шеста). „Југословенски лексикографски институт“, Загреб 1965 година.

Категорија:НОБ Категорија:Појавено во 1941 во Југославија