Национална галерија на Словенија — национална уметничка галерија на Словенија. Се наоѓа во главниот град Љубљана. Основана е во 1918 година, по распадот на Австро-Унгарија и формирањето на Државата на Словенците, Хрватите и Србите. Првично се наоѓала во палатата Кресија во Љубљана, но во 1925 година била преместена на моменталната локација.

Градба мини| Националната галерија е домаќин на церемонијата на отворање на Конференцијата на Воениот комитет на НАТО во 2019 година. Сегашната зграда е подигната во 1896 година, за време на администрацијата на градоначалникот Иван Хрибар, чија амбиција било Љубљана да ја претвори во репрезентативна престолнина на сите словенски земји. Дизајнирана е од чешкиот архитект Франтишек Шкаброут и првпат бил користен како Словенечки културен центар (Народни дом) како централно седиште на различни културни друштва од национално значење. Зградата се наоѓа во близина на Градскиот парк Тиволи и е целосно реновиран во 2013-2016 година.

Во раните 1990-ти, доградба на главната зграда била изградена од словенечкиот архитект Едвард Равникар. Во 2001 година е изградена и голема проѕирна стаклена галерија, дизајнирана од архитектонското биро Садар + Вуга, поврзувајќи ги двете крила на зградата.

Во галеријата се наоѓа и постојана уметничка колекција која го опфаќа периодот од средниот век до почетокот на 20 век. Оригиналната барокна Робова фонтана може да се види и во централната стаклена галерија на зградата, каде што била преместена по обемната реставрација во 2008 година.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Званични сајт Категорија:Згради и градби во Љубљана Категорија:Галерии на слики