Живка Богошевиќ - Кока ( во —) — учесник во НОВ на Македонија, носител на Партизанска споменица од 1941 година.
Животопис десно|мини|200x200пкс|Партизанската споменица 1941, чиј носител е Живка Богошевиќ. Учествувала во НОД од почетокот на вооруженото востание. Во почетокот на 1942 година била примена за член на СКОЈ, а во мај истата година и за член на КПЈ. Била организационен секретар на МК СКОЈ. Нејзината дејност била откриена поради што била принудена да се илегализира, а окупаторот го уапсил целото нејзино семејство. Татко и брат ѝ биле стрелани и масакрирани, а вујко и убиен истата вечер. Во март 1943 година станала борец во Шарпланинскиот партизански одред, како политички делегат на вод. 11 ноември 1943 година, со формирањето на Првата македонска ударна бригада станала борец во нејзините борбени единици и била санитетски референт на Првиот косовски баталјон. Во борбите за Дебар, во текот на еден ден двапати билa ранета. По првото ранување продолжила да ги извлекува ранетите борци и да им укажува помош, кога повторно била ранета. Во текот на таа борба добила 32 рани, и дури во ноќта била извлечена од позицијата. За држењето во оваа борба јавно била пофалена пред Бригадата. Носител е на Партизанска споменица 1941 година.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941