Шер Лојд (англ. Cher Lloyd; родена на 28 јули 1993 година) ― англиска пејачка, раперка и манекенка. Живот и кариера Шер Лојд е родена на 28 јули 1993 година во англискиот град Малверн. Нејзиното семејство има ромско потекло и таа првата година од животот ја поминала патувајќи во караван низ Велс со нејзините млади родители. Нејзиниот чичко рекол дека била задевана и малтретирана од соучениците поради нејзиното потекло.
Во 2010 година учествувала во седмата сезона на телевизиското талент-шоу The X Factor и завршила на четврто место. Таа и девет други натпреварувачи од серијата учествувале на турнејата X Factor Live од февруари до април 2011 година.
По завршувањето на X Factor, било објавено дека Лојд потпишала договор со Syco Music. Набргу потоа, започнало снимањето на нејзиниот прв студиски албум.
Првиот сингл на Лојд, „Swagger Jagger“, бил издаден во јули 2011 година и дебитирал на прво место на Британската топ-листа за синглови. Лојд го издала нејзиниот прв студиски албум, Sticks + Stones, на 4 ноември 2011 година. Албумот дебитирал на четврто место на Британската топ-листа за албуми и се искачил на седмо место на топ-листата во Ирска. Од албумот ги издала и сингловите: „With Ur Love“ во соработка со американскиот пејач Мајк Познер и „Want U Back“ во соработка со американскиот рапер Астро. десно|мини|267x267пкс| Лојд во радио-станицата WKSC-FM во Чикаго во 2012 година Во декември 2011 година Лојд потпишала договор со Epic Records во САД; соло-верзијата на „Want U Back“ била потврдена како деби-сингл на Лојд во САД и прв сингл од американското и австралиското издание на <i id="mwAYc">Sticks and Stones</i>. Песната била објавена во мај 2012 година и дебитирала на 75-то место на Billboard Hot 100, а подоцна се искачила на 12-то место. Исто така се искачила на 11-то место на канадската топ-100 листа. лево|мини|213x213пкс| Лојд на настап во 2013 година на нејзината турнеја „I Wish“ Есента 2013 година ја одржала нејзината турнеја „I Wish“ а групата Fifth Harmony била нејзина предгрупа. Во мај 2014 година, Лојд соработувала со Деми Ловато на песната „Reаlly Don't Care“, четврт сингл од четвртиот албум на Ловато, <i id="mwAeo">Demi</i>. Песната се искачила на прво место на американската денс-листа.
Вториот студиски албум на Лојд, Sorry I'm Late, бил издаден на 23 мај 2014 година. Албумот не успеал да го постигне успехот на неговиот претходник и стигнал до 21-во место на топ-листата за албуми во Велика Британија и 12-то место на американската топ-листа за албуми, Билборд 200. На албумот му претходел синглот „I Wish“, во соработка со американскиот рапер T.I.
По објавувањето на Sorry I'm Late, Лојд била отстранета од веб-страницата на Epic, што довело до сомнение дека таа била исфрлена од издавачката куќа. Во ноември 2014 година било откриено дека Лојд потпишала нов договор со Universal Music Group и дека работи на нејзиниот трет студиски албум.
На 22 јули 2016 година Лојд ја објавила нејзината нова песна, „Activated“. Во мај 2017 година, Лојд објавила дека потпишала со ie:music.
Таа ги објавила сингловите „None of My Business“ и „M.I.A.“ во 2018 и 2019 година, соодветно. На 24 април 2020 година, Лојд премиерно го извела синглот „Lost“ пропратен со музичкото видео. На 17 јануари 2025 година, премиерно го извела нејзиниот нов сингл „Head Down“.
Дискографија
Sticks and Stones (2011) Sorry I'm Late (2014)
Наводи
Категорија:Поп рапери Категорија:Англиски кантавтори Категорија:Англиски кантавторки Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Англиски манекенки Категорија:Британски хип-хоп пејачи Категорија:Ромски пејачи Категорија:Англиски раперки