Симка Бошкова Белазелкоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Учествувала во НОД како член на СКОЈ од 1941 година. Носела храна на илегалците н учествувала во пренесувањето на илегален материјал, како и во подготовките на една поголема група гимназисти за заминување во партизани во зимата 1943/44 година. Од 1941 година нивната куќа била под постојана присмотра на бутарската полиција и биле вршени чести претреси. Во 1944 година раководела со скоевска група. Зимата 1944 година била уапсена од бугарската полиција, но по 12 дена била ослободена.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ