Сушица или Апоскепска Река (, Σιούτιστας, Απόσκεπος или Ρέμα Απόσκεπου) — река во Костурско, Егејска Македонија. Завршува како западен дотек на Костурското Езеро.

Течение Реката извира на планината Вич западно под врвот Свети Илија (1.268 м) и првично тече во југозападен правец. Југоисточно од врвот Мики (975 м) завртува кон југоисток и ја образува границата меѓу планините Вич на североисток и Саракина на југозапад. Минува јужно од селото Апоскеп и завршува непосредно северно од костурското предградие Нов Чифлик, каде се влева во Костурското Езеро.

Слив Реката е долга 6,22 км. Надморската височина на речниот слив се движи од 650 м до 1.000 м. Протокот на реката изнесува 3 – 100 л/с, во зависност од количеството на врнежи.

Поврзано

Пополе

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски)