Павлина Аџимитревска ( во — ?) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Активен учесник во напредното студентско движење од времето на кралството Југославија. Од 1939 година станала член на СКОЈ. Била член на Женската потрошувачка задруга во Скопје и преку неа учествувала во сите акции што ги организирала КПЈ. Во јуни 1941 година била префрлена да работи во женската келија. Преку оваа келија учествувала во собирање народна помош, растурање летоци, придобивање младинки за НОД.

Била член на напредната младинска секција „Свежи струи“ во 1941 година и еден од најактивните членови на скоевската групa. Во почетокот на 1942 година раководела со женскиот актив на Женската гимназија во Скопје. По директива на КПМ во 1943 година била испратена во Софија каде работела со студентите Македонци. Во јуни 1943 година се вратила вo Скопје. Барала да оди вo партизани и во очекување на врска се евакуирала во селото Теарце. Била член на ОК КПМ и секретар на ОК СКОЈ од 1 септември 1944 до 31 мај 1945.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ