Маршот за да се затворат сите кланици — меѓународен настан во форма на годишни демонстрации за поддршка на укинувањето на месната, млечната, јајцената и рибната индустрија и нивните практики, вклучително и вештачко оплодување, риболов и убивање на животни за прехранбени производи.

Историја Инициранo од француската организација за правата на животните L214, првите маршеви се одржале во Париз и Кастр, во јужна Франција на 2 јуни 2012 година. Во Париз, маршот започнал во старите кланици на Вожирар, местото каде што Жорж Франжи снимил дел од неговиот документарен филм Крвта на ѕверовите (фран. Le Sang des bêtes). Според организаторите, настанот прераснал во меѓународно движење со 35 градови учесници во 16 земји во Северна и Јужна Америка, Европа, Австралија и Азија во 2018 година; маршот во Париз во 2018 година привлекол 3500 учесници.

Цели и визија Настанот има за цел да ја подигне свеста за страдањето на животните во кланиците и да ја вклучи јавноста во дијалог за етичките, еколошките и здравствените грижи на луѓето поврзани со производите од животинско потекло, работата во кланиците, и сточарството. Поддржувачите на движењето тврдат дека забраната за кланици е легитимен политички проект, врз основа на аргументите дека производството на животински производи е штетно директно или индиректно за луѓето и животните, животинските производи се непотребни за здравјето на луѓето и дека многу членови на општата популација се противат на непотребното страдање и убивање на животните кои доживуваат чувства и сензации.

Местоположба Во 2018 година, настанот се одржал во Канада, Франција, Австралија, Аргентина, Ирска, Турција, Јапонија и САД.

Критика Членовите на месната индустрија во Франција ги означија методите што ги користат организациите за заштита на животните како „фашистички“.

Поврзано

Веганство Општествено движењо

Наводи

Надворешни врски

Матична веб-страница Категорија:Веганство Категорија:Годишни протести Категорија:Движење за животинските права Категорија:Протестни маршеви