мини| Природни електронски „жици“ на кварц, историски примерок од стар рудник во Телјурајд, Колорадо, САД мини| Реката Пактол, од која Лидија добила електрум за нејзиното рано ковање мини| Електрумски феникиски сад со митолошки сцени, фриз од сфинги и приказ на кралот кој ги победува своите непријатели, Кипроархаик I, од Идалион, 8-7 век пр. н. е. (Лувр, Париз) мини| Брош со грифинска протома, од некрополата Камеирос, Родос, (Лувр) Електрум — природна легура од злато и сребро, со траги на бакар и други метали. Неговата боја се движи од бледожолта до светложолта, во зависност од сразмерот на злато и сребро. Се произведува и вештачки и е познат и како „зелено злато“.Emsley, John (2003) Nature's building blocks: an A–Z guide to the elements. Oxford University Press. . p. 168
Електрумот се користел уште во третиот милениум пр. н. е. во Старото Кралство Египет, понекогаш како надворешна обвивка на пирамидионите на врвот на древните египетски пирамиди и обелисци. Се користел и при изработката на древни садови за пиење. Првите познати метални монети биле направени од електрум и датираат од крајот на VII или почетокот на VI век пр. н. е.
Потекло на името Името електрум е латинизиран облик на грчкиот збор ἤλεκτρον (ḗlektron), спомнат во Одисеја, што се однесува на метална супстанција која се состои од злато легирано со сребро. Истиот збор се користел и за супстанцијата килибар, најверојатно поради бледожолтата боја на одредени сорти. (Од електростатските својства на килибарот се изведени современите зборови електрон и електрицитет.) Во древно време електрумот често се нарекувал „бело злато“, но попрецизно можел да се опише како бледо злато бидејќи обично бојата му е бледожолта или жолтеникаво-бела. Современата употреба на поимот бело злато обично се однесува на злато легирано со некој од елементите (или нивна комбинација) никел, сребро, платина и паладиум за да се добие злато со сребрена боја.
Состав Електрумот се состои првенствено од злато и сребро, но понекогаш се наоѓа со траги од платина, бакар и други метали. Името најчесто неформално се применува на композиции помеѓу 20-80% злато и 80-20% сребро, но тие строго се нарекуваат злато или сребро во зависност од преовладувачкиот елемент. Анализата на составот на електрумот во старогрчка кованица која датира од околу 600 пр. н. е. покажува дека содржината на злато била околу 55,5% во монетите издадени во Фокаја. Во раниот класичен период содржината на злато во електрумот се движела од 46% во Фокаја до 43% во Митилена. Во подоцнежните монети од овие области, кои датираат од 326 пр. н. е., содржината на злато во просек изнесувала 40% до 41%. Во хеленистичкиот период, Картагинците издавале електрумски монети со редовно намален дел од злато. Во подоцнежното Источно Римско Царство управувана од Константинопол, чистотата на златните монети била намалена.
Историја мини| Лидиски електрумска монета (третина статер), една од најстарите познати монети, раниот 6 век пр. н. е. мини| Електрумска монета на византискиот цар Алексиј I Комнин, мини| Мумифицирана машка глава покриена со електрум, од Срар Египет, римски период, 2 век од нашата ера (Musée des beaux-arts de Lyon) Електрум се споменува во извештај за експедиција испратена од фараонот Сахуре од Петтата династија на Египет. За тоа зборува и Плиниј Постариот во неговата Историја на природата. Се споменува и во Библијата, во првото поглавје од книгата на пророкот Езекил.
Рано ковање монети Најраните познати електрумски монети, лидиските монети и источногрчките монети пронајдени под храмот на Артемида во Ефес, денес се датирани во последната четвртина од VII век пр. н. е. (625–600 пр. н. е. ). Се верува дека електрумот се користел во монети околу 600 г. пр. н. е. во Лидија за време на владеењето на Алиат.
Електрумот бил многу подобар за ковање пари отколку златото, најмногу поради тоа што бил потврд и поиздржлив, но и затоа што техниките за пречистување на златото не биле широко распространети во тоа време. Содржината на злато во природниот електрум во модерната западна Анадолија се движи од 70% до 90%, за разлика од 45-55% од злато во електрумот што се користело во древните лидиски монети на истата географска област. Ова сугерира дека Лидијците веќе ја решиле технологијата за пречистување на среброто и додавале прочистено сребро во месниот изворен електрум неколку десетлетија пред да воведат чисто сребрени монети.
Во Лидија, електрумот бил кован во монети со тежина од 4,7 грама, секоја вреднувана во статер (што значи „стандарден“). Три од овие монети - со тежина од околу 14,1 грам - вкупно еден статер, околу едномесечна плата за војник. За да се надополни статерот, биле направени дропки: трите (третина), хекте (шестина) и така натаму, вклучувајќи, па дури и до и . Монетата од статер била тешка околу 0,14 до 0,15 грама. Се ковале и монети во поголеми апоени, како што е монетата од еден статер.
Поради варијациите во составот на електрумот, било тешко да се одреди точната вредност на секоја монета. Ширењето на трговијата била попречено од овој проблем, бидејќи содржинската вредност на секоја електрумска монета не можело лесно да се одреди. Ова сугерира дека една од причините за пронајдокот на монетите во таа област била да се зголеми добивката од сињоражот со издавање валута со пониска содржина на злато од вообичаениот метал.
Овие тешкотии биле елиминирани околу 570 г. пр. н. е. кога биле воведени крезеидите, монети од чисто злато и сребро. Сепак, електрумската валута останала вообичаена до приближно 350 г. пр. н. е. Наједноставната причина за ова било тоа што, поради содржината на злато, еден статер од 14,1 грам вредел дури десет сребреници од 14,1 грама.
Наводи
Надворешни врски Electrum lion coins of the ancient Lydians (about 600 BC) An image of the obverse of a Lydian coin made of electrum
Категорија:Бакарни легури Категорија:Сребро Категорија:Злато Категорија:Скапоцени метални легури Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Грцизми