Косанин град е тврдина која се наоѓа југозападно од Шабац и североисточно од Лозница. Денес има надземни остатоци од тврдината.

Историја Косанин град е римска тврдина од крајот на IV век лоцирана на планината Цер. Тврдината служела како воена стража за заштита на римскиот пат што минувал низ долината Јадар. Градот се наоѓа на стратешки важната позиција од каде се гледаат јужните падини на планината. За Косанин град се бореле за време на Церската битка. Градот бил откриен и истражен дури во 1982 година и затоа не се споменува во литературата. Бил со помали димензии и припаѓал, според легендата, на една од петте ќерки на Тројанскиот император, митско суштество од планината Цер, чие име било Косана. До градот се стигнува по патот кој води од ПД „Липове вода“.

Извори

Шабац: Посетителите на Цера треба да ги почитуваат археолошките локалитети Категорија:Тврдини во Србија