Алберто Сокарас Естасио ( - година), бил кубанско-американски флејтист кој свирел и кубанска музика и џез.

Сокарас бил роден во Манзаниљо, Куба, во 1908 година, а почнал да учи флејта во 1915 година со неговата мајка Долорес Естасио, а подоцна се приклучил на провинцискиот музички конзерваториум во Сантјаго де Куба. Студиите ги завршил на музичкиот конзерваториум Тимоти во Њујорк, и се стекнал со звање еквивалентно на докторат по музика.Giro Radamés 2007. Diccionario enciclopédico de la música en Cuba. La Habana. vol 4, p155. Во средината на 1920-тите години, тој се преселил во Хавана за да се приклучи на театарскиот оркестар на Аркимедес Поус, каде што неговата сестра Естрела свирела на виолина. Тој, исто така, свирел во еден или два рани кубански џез-бендови (ран кубански џез) пред да се пресели во Соединетите држави во 1927 година.

Во САД снимил нумера со Кларенс Вилијамс во 1927 година со неговото прво соло на флејта, што го прави најраниот познат солист на џез флејта (порано дури и од Вејман Карвер). Тој свирел со Блекбирдс помеѓу 1928 и 1933 година, и свирел на снимката на Лизи Мајлс од 1928 година „You're so Cruel Papa to Me“. Во 1933 година свирел со Бени Картер, а потоа го водел целосно женскиот кубански бенд Анакаона на турнеја низ Европа во 1934 година. Во 1935 година свирел со Сем Вудинг и ги водел своите бендови од 1935 до 1940-тите години; меѓу неговите соработници биле: Едгар Сампсон и Монго Сантамарија, и Каб Каловеј како пејач. Тој исто така свирел со Ерскин Хокинс во 1937 година.

Во 1950-тите години учествувал во ТВ емисијата на Род Серлинг, „Зона на самракот“, а имал и концерти во Карнеџи Хол, во Њујорк.

Во 1983 година се појавил на документарен филм „Музика„ на Густаво Паредес, каде свирел на флејта.

Починал во Њујорк во 1987 година.

Наводи

Надворешни врски и литература Скот Јанов, [ Алберт Сокарас] во Алмјузик Леонард Федер и Ира Гитлер, Биографската енциклопедија на џезот . Оксфорд, 1999 година, стр. 516.

Категорија:Починати во 1987 година Категорија:Родени во 1908 година Категорија:Џез-музичари Категорија:Кубански музичари