Ден од животот (), еден ден од животот или ден од животот на — жанр на раскажување што се сосредоточува на настани што се случуваат во текот на еден ден од животот на лицето или лицата.
Овој вид раскажување често се користи во новинарството, каде што „секојдневната приказна документира нечии дејности во одредена временска рамка, како што е еден ден. Видеоновинарот доловува сѐ, со цел да открие значајни подробности“. Жанрот има за цел да им обезбеди на читателите или гледачите поглед на еден типичен ден на лицето без да е неопходен цел ден за претставување на материјалот.Приказната за „еден еден од животот“ може да вклучува определена криза и како таа се решава, но некои писатели ја гледаат како начин за истражување на човечките односи и искуства. Тие веруваат дека сосредоточувањето на еден ден од животот на ликот, дури и без драматична кулминација или разрешување, е прифатлив начин да се раскаже приказна.Victoria Lynn Schmidt, Story Structure Architect (2005), стр. 94. Овие приказни можат да се сметаат и за приказни за „парче од животот“, кои ги прикажуваат рутинските настани од животот на лицето. Арно ама, приказна од парче од животот не е секогаш ограничена на само еден ден.Kenneth Kobre, Videojournalism: Multimedia Storytelling (2013), стр. 16.
Поврзано
Парче од животот
Наводи
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Раскажување Категорија:Жанрови