Веи-Мин Хао (роден на 7 април 1953 година) е атмосферски хемичар, тајванско-американски климатолог, а моментално работи во Министерството за земјоделство на САД. Неговата работа значајно придонела за доделувањето на Нобеловата награда за мир во 2007 година.El Premio Nobel De La Paz 2007 Тој е член на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и автор на Меѓувладиниот панел за климатски промени.
Биографија По завршување на средното општинско училиште Џиангуо во Тајпеј, Хао студирал хемија на Католичкиот универзитет Фу Џен (дипломирал), магистрирал на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) и докторирал по атмосферска хемија на Универзитетот Харвард.
Во 1991 година, тој работел во американското Министерство за земјоделство и шумски услуги во градот Мисула.
Во 1994 година, станал автор на Меѓувладиниот панел за климатски промени (МПКП). Во истата година, бил објавен и првиот Извештај за климатските промени од страна на МПКП. Бил одговорен за мониторингот на климата на Карпестите планини.
До 2014 година бил автор или коавтор на повеќе од 70 публикации во специјализирани списанија. Неговите публикации се широко цитирани од големи институции и универзитети ширум светот.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1953 година Категорија:Апсолвенти на Масачусетскиот технолошки институт Категорија:Апсолвенти на Харвард Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Меѓувладин панел за климатски промени