мини|300x300пкс| Ѓубре од домаќинството се користи за изградба на насип во Кап-Хаитиен. Еколошките прашања на Хаити вклучуваат историски проблем со уништувањето на шумите, пренаселеност, недостаток на санитарни услови, природни катастрофи и небезбедна храна. Главните причини за овие еколошки прашања се корупцијата, човечката експлоатација и проневерата на средствата на даночните обврзници за лични придобивки. Покрај тоа, нема доволно заштита или управување со природните ресурси на земјата. Други еколошки прашања, како што се намалувањето на врнежите и потешки природни катастрофи, најверојатно ќе се појават на Хаити како резултат на климатските промени. Експертите се согласуваат дека Хаити треба да усвои нови политики за да се решат и прашањата што веќе постојат и да се подготви за ефектите од климатските промени.
Проблеми
Уништување на шумите мини|300x300пкс| Сателитска снимка од границата помеѓу разголениот пејзаж на Хаити (лево) и Доминиканската Република (десно). Уништувањето на шумите на Хаити се случило првенствено за време на колонијалниот период, а подоцна и по револуцијата на Хаити за да и се плати отштета на Франција по војната за независност. Уништувањето на шумите довело до ерозија на почвата со намалување на покривката на дрвјата и оставање на почвата изложена. Во сегашната ера, дрвјата кои се расчистени за земјоделско производство, потоа се трансформираат во јаглен како секундарен земјоделски нуспроизвод.
Денес, „примарната“ шумска покривка на Хаити се проценува на помалку од 1% од целата површина.Hedges SB, Cohen WB, Timyan J, Yang Z. 2018. Haiti's biodiversity threatened by nearly complete loss of primary forest. Proc. Natl. Acad Sci. USA. 115(46):11850-11855 Во една претходна студија користејќи ја глобалната стандардна дефиниција на Организацијата за храна и земјоделство (Обединети нации) за „шума“, која вклучува области кои се деградирани за дури 90% (10% крошна), приближно 30% од Хаити се проценува дека е покриени со дрвја и/или шуми. Меѓутоа, бидејќи дефиницијата на Обединетите нации не прави разлика помеѓу областите кои претходно биле обесшумени и оние кои никогаш не биле обесшумени (примарна шума), а употребата на различни вредности за шумска покривка може да даде различни процентни вредности, и бидејќи примарната шума е најважна шума за зачувување на биолошката разновидност, се тврди дека само вредноста на <1% примарна шума е релевантна за еколошките прашања на Хаити бидејќи се однесува и на уништувањето на шумите и на биолошката разновидност.
Хаити имала средна оценка од 4,01/10 на Индексот за интегритет на шумски предел за 2018 година, рангирајќи ја на 137-то место на глобално ниво од 172 земји.
Јаглен Производството и потрошувачката на јаглен на Хаити е широко погрешно разбран феномен. Јагленот е примарен извор на енергија за жителите на Хаити. ОН објавиле дека 92% од домаќинствата на Хаити го користат јаглленот за готвење, а приближно 10.000 вреќи со јаглен се согоруваат дневно на Хаити.
Медиумите популарно ги прикажуваат Хаиќаните како инволвирани во широко распространетиот и профитабилен нелегален пазар на јаглен во соседната Доминиканска Република. Конзервативните проценки го пресметуваат нелегалното движење на 115 тони јаглен неделно од Доминиканската Република до Хаити во 2014 година. Доминиканските власти процениле дека најмалку 10 камиони неделно ја минуваат границата натоварени со јаглен. Сепак, новите истражувања и податоците за извозот на јаглен од Доминиканската Република покажуваат дека протокот на јаглен во Хаити е намален бидејќи Доминиканците нашле попрофитабилни пазари за јаглен во Соединетите држави и на Блискиот Исток.
Земјоделство Постоело верување дека Хаити се потпира највеќе на земјоделството за поддршка на своојата економија, притоа создавајќи уште една примарна причина за уништување на шумите. 66,4% од земјиштето на Хаити се користи за земјоделски цели. Пренамена на земјиштето за шуми значи намалување на земјиштето што е достапно за одгледување на земјоделски култури, а во моментов расположливото земјиште е недоволно за да се одржи чекор со растечкото население на Хаити. Дополнително, несигурните имотни права го обесхрабруваат управувањето со шумите. Можноста станарите да ги искористат придобивките од зачувувањето на земјиштето е намалена бидејќи можно е тие да го загубат тој имот во иднина. Владата на Хаити би можела да ги охрабри граѓаните да го зачуваат шумското земјиште преку зајакнување на правата на сопственост, бидејќи тоа ќе создаде поголема одговорност за користење на земјиштето. Во моментов, постои недостаток на можности надвор од земјоделието затоа што многу рурални жители зависат од земјоделството за егзистенција. Зголемувањето на вработеноста надвор од земјоделските гранки би можело да го минимизира уништувањето на шумите, бидејќи тоа потенцијално би ја намалило потребата домаќинствата да ја чистат шумата за земјоделски култури.
Пренаселеност мини|300x300пкс| Густо населена сиромашна населба во главниот град Порт-о-Пренс . Првичните истражувања тврделе дека зголеменото население на Хаити придонело за деградација на животната средина. Сепак, неодамнешните истражувања ја прикажуваат Хаити како земја со најнизок еколошки отпечаток по глава на жител во светот.
Хаити може да се карактеризира како нација со ниски приходи и висока густина на население. Од 2012 година, бројот на населението на Хаити било 10,6 милиони. ОН процениле дека 52% од населението живеело во урбани средини во 2011 година, со годишен пораст од 3,9% на населението во урбаните средини.Haiti. (n.d.). In T. Gall & D. Gleason (Eds.), Worldmark Encyclopedia of the Nations (pp. 315-329). Retrieved from Gale Virtual Reference Library database. Поединците со ниски приходи се главно концентрирани во урбаните области, особено во Порт о Пренс, и секојдневно се соочуваат со лош квалитет на животната средина, здравјето на луѓето и квалитетот на живот. Урбаниот квалитет на животната средина на Порт о Пренс е дополнително намален поради неговата лоша инфраструктура, недостаток на владино управување и наклонетоста кон природни катастрофи, како резултат на тоа што се наоѓа на брегот. Како што расте населението во урбаните области на Хаити, тешко е да се ажурира и онака лошата инфраструктура за да се задоволат потребите на толку многу луѓе. Бидејќи многу луѓе немаат соодветен систем за управување со отпад, тоа придонесува да има катастрофални ефекти врз животната средина преку загадување на воздухот и водата. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 60% од Хаиќаните живеат во урбани области со низок квалитет на животната средина во близина на брегот, како што е Порт о Пренс. Квалитетот на животната средина може да се мери со проценка на домашната средина, јавната средина, физичката средина и атмосферата. Подрачјата со најнизок квалитет на животната средина имаат најголема густина на население и се подложни на загадување и низа природни опасности, кои можат да ги уништат природните ресурси и да предизвикаат деградација на животната средина. Овие лица се соочуваат со ситуација на еколошка неправда. Во руралните области, пренаселеноста предизвикува прекумерно обработување на земјиштето и затоа ерозија на почвата, бидејќи хранливите материи брзо се исцрпуваат од почвата. Иако многу земјоделци од Хаити се свесни за ефектите од нивните влијанија на почвата, тие честопати не сакаат да ги променат своите практики бидејќи политичките и економските фактори, како што се несигурните права на сопственост и високите цени на капиталот, им забрануваат да усвојат соодветни технологии.
Недостаток на санитарни услови Недостатокот на канализација и третман на канализација на Хаити доведува до несоодветно снабдување со безбедна вода за пиење. Градските канализациски системи се недоволни, а многу граѓани мораат да користат септички јами. Локалните дренажни системи првенствено се состојат од отворени канали ископани покрај страната на патот. Густо населениот главен град Порт о Пренс е особено изложен на ризик од болести кои се пренесуваат преку вода, при што многу од неговите граѓани живеат на поплавените рамнини во лошо изградени станови и генерално недоволно развиен систем за управување со отпад. Само 46% од урбаното население има пристап до чиста вода за пиење, а во 2012 година само 55% од луѓето во урбаните средини имале „подобрени санитарни услови“, кои се состоеле од користење на тоалет.Haiti. (n.d.). In T. Gall & D. Gleason (Eds.), Worldmark Encyclopedia of the Nations (pp. 315-329). Retrieved from Gale Virtual Reference Library database. Природните катастрофи ја влошуваат санитацијата на водата, бидејќи тоалетите и каналите на страната на патот често се прелеваат со големи количини дожд. Студија од 2012 година по сезоната на урагани покажала дека помалку од 10% од домаќинствата пиеле прочистена вода една недела по бура.Kolbe, A., Puccio, M., & Muggah, R. (2012, December). After the storm: Haiti's coming food crisis. Retrieved from Eldis database.
Колера Колерата станала едно од водечките проблеми со кои се соочувал Хаити, а нејзиното повторување во голема мера се должело на лошиот санитарен систем на Хаити. Епидемија на колера била пријавена на Хаити во октомври 2010 година, откако инфекцијата била донесена во земјата од мировните трупи кои обезбедувале помош по разорниот земјотрес што го погодил регионот. Инфекциите продолжиле да се случуваат уште од почетната епидемија, што покренувало прашања за тоа дали постои воспоставен еколошки резервоар на колера на Хаити. Резервоарите на животната средина се еколошки извори каде што бактеријата може да преживее помеѓу избувнувањето на болеста. Постојат докази дека условите се соодветни за колерата да воспостави еколошки резервоари во водата на Хаити. Воспоставувањето на еколошки резервоари ќе го оневозможи искоренувањето на болеста од Хаити и ќе ги зголеми шансите за пренесување на болеста во соседните земји. И подобрувањето на санитарните услови и следењето на потенцијалните еколошки акумулации се неопходни за да се намали ширењето на колерата низ Хаити.
Ефекти од климатските промени Позицијата на Хаити како јужна островска држава ја прави особено подложна на ефектите од климатските промени. Фактори кои ја прават Хаити поранлива од другите нации на Карибите, како што е Доминиканската Република, се поголемата густина на население, екстензивното уништување на шумите, екстремната ерозија на почвата и забележителната нееднаквост во приходите. Забележителни се неколку ефекти од зголемениот интензитет на тропски бури, исцрпените корални гребени и опустинувањето. Од 1960 година просечните годишни врнежи се намалиле за 5 мм месечно по деценија, а средните температури се зголемиле за 0,45°C. Комбинацијата од зголемени температури и намалени врнежи најверојатно ќе доведе до интензивирање на условите за суша, особено во центарот на земјата. Според предвидувањата на МПКП за климатските промени за 2050 година, повеќе од 50% од Хаити ќе биде во опасност од опустинување. Зачестеноста на топлите денови и ноќи е зголемена, додека зачестеноста на студените денови и ноќи постојано се намалува. Се предвидува порастот на нивото на морето да се зголеми помеѓу 0,13 и 0,56 м до 2090 година. Американската програма за наука за климатски промени проценила дека со секој 1°C зголемување на температурата, врнежите од урагани ќе се зголемат за 6 – 17% и брзината на ураганскиот ветер ќе се зголеми за 1 – 8%.
Природни катастрофи