мини|Протести во Полска против користење на јаглен. Климатските промени во Полска резултирале со зголемување на просечната температура над 2 Целзиусови степени во споредба со прединдустриските нивоа, што е повисоко од просечното ниво на климатски промени во Европа. Забележано е дека температурата се зголемува во последните децении поради антропогената активност,а без значително намалување на емисиите на стакленичките гасови,ефектите од климатските промени ќе станат се позабележителни.

Поради географската локација на Полска, климатските ефекти се променливо дисперзирани. Глобалното затоплување е забележано дека предизвикува топлотни бранови и други временски нестабилности во Полска, што предизвикува стрес врз екосистемите и човечката благосостојба.Промените во климата се следени од метеоролошките станици во Полска повеќе од 100 години. Во последните децении се зголемува бројот на денови со поројни дождови, се намалува бројот на денови со снежна покривка,а зголемен е интензитетот на урагани, грмежи и слични временски појави.

Поплавите и сушите се главните предизвици поврзани со временските услови со кои се соочува Полска и се очекува тие да станат почести и поинтензивни во различни сценарија со предвидените климатски промени. Земјоделството и управувањето со водите остануваат главна грижа за полското Министерство за животната средина.

Емисии на стакленички гасови

Потрошувачка на енергија и извори Енергијата на Полска,според најновите статистички податоци од 2021 год. Главно се добива од антрацит и лигнит и сурова нафта, кои се фосилни горива и со тоа испуштаат стакленички гасови. Тие сочинуваат 69,2 проценти од енергетското снабдување на Полска. Носачите на обновлива енергија сочинуваат само 11,8 проценти од снабдувањето со енергија.

Националната потрошувачка на енергија била 3 697,5 петаџули во 2021 год. И следи благ нагорен тренд на потрошувачката на енергија што е забележлив од раните 2000-ти. Најголемо учество во директната потрошувачка на енергија има секторот индустрија и изнесува 32,5 проценти. Потоа следувал транспортниот сектор (вклучувајќи ги и автомобилите во приватна сопственост), 27,0 проценти и потоа домаќинствата, 25,8 проценти.

Историски емисии Емисиите на стакленички гасови во Полска се намалени од нивото од 1990 година. Ова е делумно поради зголемената енергетска ефикасност на Полска, но, исто така имало постепена промена кон увозот и употребата на природен гас; сепак, ова било главно руски гас, а руската инвазија на Украина во 2022 година и последователниот спор за гасот го комплицираше користењето на овој ресурс. Обновливите извори како што се сончевата енергија, хидро енергијата и енергијата на ветерот од брегот полека добиваат значење во снабдувањето со енергија на Полска.

Влијанија врз природната средина

Температурни и временски промени Забележани термални климатски промени Климата во Полска генерално станува потопла и пооблачна, поради климатските промени и промените во атмосферската циркулација.

Од средината на 1900-тите, просечната температура во Полска се зголемувала за 0,29 степени по деценија. Температурата се зголемила за нешто повеќе од 2 степени C. Забележаното затоплување во последните три децении е поврзано со зголемувањето на глобалната температура; сепак, во последните две децении, земјата во просек се загрева побрзо од светот.

Климатските промени во Полска се манифестираат преку значителни зголемувања на просечните, максималните и минималните годишни температури на воздухот, зголемен број на топли денови и намален број на студени денови. Намалувањето на бројот на временски типови во една година укажува дека времето варира помалку во годината.

Зголемувањето на температурата е посилно во источните и западните делови на Полска отколку во центарот. Најголем пораст на температурата се случи во Езерските окрузи и најслабиот (речиси 1,8 °C) во планините Судети.

Предвидени термални климатски промени Се предвидува дека просечната температура во Полска ќе продолжи да расте во текот на овој век. Нагорен тренд е забележлив кај средната температура и во блиска и во далечна иднина и кај климатските проекции RCP 4,5 и RCP 8,5. Додека потоплите денови се очекува да станат потопли, тие ќе бидат и почести, со што ќе се зголемат шансите за долготрајни топлотни бранови. Во меѓувреме, периоди и денови на мраз (минимална температура под 0 °C) ќе се намалува во текот на векот. Ваквите топлински промени ќе бидат поизразени во далечната иднина и тие зависат од нивоата на глобално ублажување и последователно глобално затоплување (како што може да се види во сценариото направено од Меѓувладиниот панел за климатски промени. Се предвидува дека деновите на мраз во Полска ќе се намалат од 102 дена годишно во 2001-2010 година на 65 дена во 2071-2090 год.

Промена на врнежите Глобалните климатски промени се придружени со други климатски варијабилности, како што се промената на годишните суми на врнежи и промените во обрасците на циркулацијата на воздухот и океаните. Годишните вкупни врнежи благо се зголемуваат, но промените се мали и не се статистички значајни Забележителни се промените во месечната и сезонската дистрибуција на врнежите,како и регионалните/просторни варијабилности. Значително зголемување на врнежите е забележано во текот на есенските и зимските месеци, особено во март, додека летните врнежи се намалуваат. Набљудуваните промени на врнежите варираат регионално, бидејќи врнежите во Полска покажуваат голема просторна разновидност и зависност од хипсометријата. Во југоисточна Полска има тренд на намалување на вкупните врнежи во текот на пролетта, летото и зимата, додека зимските врнежи се зголемуваат во северна Полска. Фреквенцијата на врнежи се зголемува годишно и над долгорочната норма во северна и западна Полска.

Покачување на нивото на морето Една неодамнешна студија на полскиот национален истражувачки институт покажала дека нивото на морето во Полска постојано се зголемува, при што нивоата во 2020 г. биле 13 до 15 сантиметри повисоки од нивоата од 1950 год.

Наводи

Полска