Орде Неделковски (р. 8 мај 1987 во Скопје) - македонски пејач.
Животопис Орде Неделковски е роден на 8 мај 1987 во Скопје. Завршил средно училиште во Скопје, дипломирал на Машински Факултет Скопје. Тој својата музичка кариера ја започнува со групата Feedback Band (Фидбек Бенд). Соработката со истата група продолжила неколку години каде учествувале на повеќе фестивали во земјата, својот музички пат го чекори со музичката група Live Band Skopje (Лајф Бенд Скопје) со која создаваат две авторски композиции: Туѓина била Маќеа и Да си прашам за неа, Орде Неделковски во својата кариера има и свои авторски композиции и голем дел од нив се веќе познати хитови.
Во 2021 година заедно со Џељо Дестановски ја формираат Група Круна, која важи за една од најпопуларните групи на македонската фолк сцена. Заедно со Група Круна создаваат многу свои авторски песни, но и преработки на стари македонски изворни песни и имаат оддржано многу концерти во Австралија, Соединетите Американски Држави, Италија, Швајцарија, Германија и многу други настапи низ повеќе Европски држави. Една од неговите најпознати песни е песната Помогни ми.
Тој живее и работи во Скопје.
Спотови +СпотРежија Да си прашам за неаАрт ПродукцијаТугина била маќеаАрт ПродукцијаПомогни миИН ПродукцијаМераклијаРоса Фест Моја ЛенкаИН ПродукцијаНе те давам МакедонијоЕлмир ШуманскиТи си ми сеИН ПродукцијаСвадба ќе правимеИН ПродукцијаНаде моме убавоАрт Продукција БекријаПрилеп Фест МајкоАрт Продукција
Категорија:Македонски пејачи Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Родени во 1987 година