Трипун Стојан Марков ( во — во ) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Бил роден во село Грбовец, а покасно се преселил во селото Дреново. Бил оженет и се занимавал со земјоделие и сточарство. Бил соработник на народноослободителното движење од 1943 година. Како активен соработник со партизанскиот одред „Добри Даскалов”, бил уапсен од страна на бугарските војници и бил стрелан заедно со неговиот брат Ристо Марков, во месноста „Руен”, близу Шешково на 16 јуни 1943 година.
Поврзано
Ристо Марков
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна