Диме Чекоров ( во — во ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите лица во Масакрот во Ваташа.
Животопис Потекнувал од сиромашна земјоделска фамилија и самиот работел како земјоделец заедно со членовите на своето семејство. Во редовите на антифашистичкото движење стапил уште во 1941 година. Истата година во октомври станал член на скоевската организација и без збор ги извршувал сите задачи поставени од Партиската организација. Неговата активност дошла до израз во зимата 1942 година кога во атарот на село Ваташа престојувале група борци на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Групата предводена од него во која учествувале Пане Мешков и Илчо Димов ги сместиле и ги снабдувале со храна велешките партизани. Како еден од нај активните ваташки младинци тој развил голема активност во времето на исфрлањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов” и покасно кога заедно со неговите другари организирано пренесуваат храна и материјали до борците од одредот во Моклишкиот манастир. лево|мини|Спомен плоча на паднати борци од НОВ во периодот од 1941-1945, кај спомен костурницата во Кавадарци. На неа е испишано и името на Диме Чекоров.
Масакрот на ваташките деца мини|259x259пкс|Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските фашистички сили.
Во кафаната на Васо Хаџи Јорданов, каде биле донесени уаспените ваташки младинци, бугарските војски без престан ги тепале со сите расположливи средства. Диме Чекоров бил претепан и мачен уште пред да го доведат во кафеаната. Немилосрдно го тепале и со раце и со нозе, и со сè што можеле и што им било при рака. После масакрот извршен од бугарските фашисти, телата на младинците, најпрво биле ограбени, а потоа искасапени. Најмногу биле касапени телата на Диме Чекоров и Блаже Ицев, кој се уште знаци за живот во тој момент.
Поврзано
Масакрот во Ваташа Бугарска офанзива во Тиквешијата Блажо Чекоров
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Македонија