Марјан Ѓорчев (р. , Кавадарци) — македонски политичар, поранешен Министер за земјоделство на Македонија и поранешен градоначалник на Општина Кисела Вода. Член на ВМРО-ДПМНЕ.

Животопис Ѓорчев е роден во Кавадарци во 1956 година. Дипломиран економист. Поранешен директор на АД "Македонија" и АД "Братство" - Скопје. Поранешен градоначалник на Кисела Вода. Во период од 1998 до 2002 година, бил Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во 2005 година, ја основа партијата Земјоделска народна партија на Македонија, каде во 2006 година е распуштена. Бил и пратеник во Собранието на Република Македонија. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.

Надворешни врски

Категорија:Македонски министри Категорија:Македонски пратеници Категорија:Политичари од Кавадарци Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Градоначалници на Општина Кисела Вода