Д-р Кирил Минчев Методиев ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и продекан на Медицинскиот факултет во Скопје.
Животопис Основно училиште завршил во Неготин Краина, второ во Белград, а до четврто одделение во Скопје. Гимназија завршил во Скопје, а во 1941 година се запишал на Медицинскиот факултет во Софија. Студиите ги прекинал поради војната, а истиот го завршил во Белград во 1950 година. Од 1944 година стапил во НОВ во Четириесет и втората македонска бригада, со која учествува и на Сремскиот фронт. Заземал одговорно место во санитетот на бригадата.
На Институтот за белодробни заболувања во Скопје е од 1950 година. Специјализирал физиологија во Скопје. Бил директор на Институтот за белодробни заболувања во Скопје, а бил и продекан на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Поврзано
Иван Минчев Борис Минчев
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Медицински лица Категорија:Македонски доктори Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Здравство во Македонија