Патрик (, Патрики) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 220 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во Серско Поле, околу 10 км источно од општинскиот центар Нигрита, на надморска височина од 45 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Патрик било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Патрик (Patrik) имало 11 домаќинства со 39 жители Грци.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Патрик имало 45 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Патрик имало 30 Грци.

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело само 2 житела, а во 1920 г. не се спомнува како населба. Патрик бил обновен во 1923 г., кога се населени 439 бегалци, колку што броело селото во 1928 година.

Стопанство Селото се смета за прилично богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои даваат и по две реколти годишно. Населението произведува големи количини на памук, фуражни и други индустриски производи, а произведува и жито и други земјоделски производи. Внимание му се посветува и на краварството.

Население

Самоуправа и политика Во 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 11,3 квадратен километар. Општината Патрик била приклучена во општината Тахино во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.

Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Патрик, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — парохиски храм, изграден во 1958 г.

Поврзано

Патрик — историско село во Штипско, Р. Македонија

Наводи

Категорија:Визалтија