Емануел Бакалов ( во — ) — македонски поет, доктор по медицина, член на едно од најстарите и најбогатите трговски семејства во Тиквешијата.

Животопис мини|312x312пкс|Фамилија Бакалови (1919 година). Стојат: Јанко, Методија, Лазар, а седат Стефан и д-р Емануел Бакалов. Основно училиште и нижа гимназија завршил во Ваташа и Кавадарци, а Учителска школа во Скопје. Во 1910 година со семејството се преселиле во Скопје, а младиот Емануел заминал во Виена, Австрија каде студирал медицина на престижниот Медицински факултет. Во младоста многу читал, а и самиот се занимавал со литературна дејност.

Емануел Бакалов за време на својот краток живот напишал и објавил повеќе од 200 стихови, бројни раскази и други прозни записи, како и еден роман во ракопис. Неговото творештво е исполнето со емоции. Тој не ги криел своите чувства, туку напротив ги истакнувал за да ги пренесе своите емоции. Попознати негови раскази се: "Два рибара", "На село", "Жената скитничка" и други.

Во ракопис му е сочуван романот "Две срца", создаден во 1916 година, во Ажах, Австрија. Сочуван е и еден запис за Тиквешијата, со посебен осврт за соживотот на Турците и христијаните во Ваташа. Во овој етногеографски запис има многу интересни историски податоци за Тиквешкиот крај.

Наводи

Категорија:Македонски писатели