Фиби Лусил Бриџерс (англ. Phoebe Lucille Bridgers; родена на 17 август 1994) ― американска инди-рок пејачка. Активна е како соло-пејачка и како член на групите: Boygenius и Better Oblivion Community Center. Добила четири Греми награди од единаесет номинации.
Бриџерс е означена како „сериски соработник“ и соработувала или заедно издала песни со: Lord Huron, Фиона Епл, the National, Ендрју Бирд, Manchester Orchestra, the 1975, Меги Роџерс, Кид Кади, Тејлор Свифт и SZA, меѓу другите.
Детство и образование Фиби Лусил Бриџерс е родена во Пасадена, на 17 август 1994 година. Нејзините родители се развеле кога таа имала 19 години. Почнала да свири гитара на околу 13-годишна возраст. Во 2009 година почнала да учи џез-пеење во средното уметничко училиште во округот Лос Анџелес. Подоцна била примена на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон, но се откажала по ориентацијата.
Кариера мини|Бриџерс настапува како дел од групата Sloppy Jane во 2013 година Бриџерс уште како средношколка била член во неколку музички групи, како Einstein's Dirty Secret и Sloppy Jane, и често имала настапи во Лос Анџелес како солист. Таа се запознала со продуцентот Тони Берг и тој бесплатно соработувал со неа за нејзиниот прв албум. Бриџерс, преку заеднички соработници се запознала со американскиот пејач и текстописец Рајан Адамс и неговата издавачка куќа, PAX AM, го издала првото EP на Бриџерс, Killer. Бриџерс и Адамс во тоа време започнале романтична врска. Во 2016 Бриџерс ја поддржала Џулиен Бејкер на нејзината турнеја во 2016 година.
Во 2017 година Бриџерс потпишала договор со независната издавачка куќа Dead Oceans која го издала нејзиниот прв студиски албум, Stranger in the Alps (22 септември 2017).мини|255x255пкс| Бриџерс настапува на поп-фестивалот во Халдерн во 2018 година Во 2018 година, Бриџерс заедно со инди-пејачките Џулиен Бејкер и Луси Дакус ја основале супергрупата Boygenius, која потпишала договор со Matador Records. Тие на 26 октомври 2018 година го објавиле истоименото ЕР, кое било добро примено од критиката и од публиката.
На 5 декември 2018 година, Бриџерс објавила Spotify-синглови снимени во студиото на Spotify во Њујорк, меѓу кои била и преработката на песната „Friday I'm in Love“ од Cure.
Во јануари 2019 година Бриџерс и Конор Оберст го најавиле основањето на нивната група, Better Oblivion Community Center. Истиот месец го објавиле нивниот прв истоимен албум.
На 10 ноември 2020 година, Бриџерс, во соработка со Роб Мус, објавила ЕР под наслов Copycat Killer кое содржело четири преработени песни од Punisher. На 23 ноември објавила преработка на песната „If We Make It Through December“ од Мерл Хагард. мини|240x240пкс| Бриџерс на настап на музичкиот фестивал Shaky Knees во 2021 година На Греми наградите во 2021 година Бриџерс била номинирана во четири категории: најдобар нов изведувач, најдобра рок-изведба, најдобра рок-песна и најдобар алтернативен музички албум. Во декември 2020 година, Бриџерс се појавила на песната од Кид Кади, „Lovin Me“ и пеела придружни вокали на две песни од Чарли Хики.
Во август 2022 година, било објавено дека Бриџерс ќе глуми во I Saw the TV Glow, хорор-филм во режија на Џејн Шенбрун и продуциран од Ема Стоун и Дејв Мекари. Бриџерс настапила како воведен изведувач на неколку концерти на американскиот дел од турнејата The Eras Tour од Тејлор Свифт. На 9 декември 2022 година, SZA во соработка со Бриџерс ја објавила песната „Ghost in the Machine“ од нејзиниот втор албум SOS. За оваа песна Бриџерс ја освоила нејзината прва Греми награда; песната била прогласена за „Најдобра поп-изведба од дуо или група. Истиот месец, таа настапила на два концерта од Дени Елфман за саундтрак-албумот на Ноќта пред Божиќ; на концертите Бриџерс ја имала улогата на Сали.
Во јануари 2023 година, групата Boygenius повторно се обединила и на 31 март го објавиле нивниот прв албум <i id="mwAbw">The Record</i>. На 1 февруари 2024 година, Boygenius на концерт во Лос Анџелес објавиле дека повторно ќе заминат на пауза.
Бриџерс била најнаградувана личност на доделувањето на Греми наградите во 2024 година; освоила три награди како член на Boygenius и една за нејзината соработка со Сиза. По доделувањето на Греми наградите, Бриџерс рекла дека планира да се повлече и да паузира до крајот на 2024 година.
Дискографија Соло студиски албуми
Stranger in the Alps (2017) Punisher (2020)
Better Oblivion Community Center
Better Oblivion Community Center (2019)
Boygenius
The Record (2023)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски гитаристки Категорија:Пејачи од Лос Анџелес Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски ЛГБТ-пејачи Категорија:Американски народни музичари Категорија:Американски кантавторки Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Американски феминистки Категорија:Американски рок-пејачки Категорија:Американски инди-рок-музичари Категорија:Американски инди-поп музичари