Сакубитрил/валсартан, со заштитено име Ентресто, е фиксно дозен комбиниран лек кој се користи во третманот на срцева слабост. Се состои од неприлизинскиот инхибитор сакубитрил и ангиотензин рецепторен блокатор валсартан. Оваа комбинација понекогаш се опишува како „ангиотензин рецепторен-неприлизински инхибитор“ (ARNi). Во 2016, Американскиот колеџ за кардиологија/Работната група на Американското здружение за срце го препорача како замена за АКЕ инхибитор или ангиотензин рецепторен блокатор во третманот на срцева слабост со намалена ејекциона фракција.
Потенцијални несакани ефекти вклучуваат ангиоедем, нефротоксичност, и хипотензија.
Бил одобрен за медицинска примена во САД и Европската Унија во 2015 година, Partially redacted. и во Австралија во 2016 година. Во 2021, бил 189ти најчесто пропишуван лек во САД, со повеќе од 2милиони рецепти.
Наводи
Категорија:Лекови кои делуваат на кардиоваскуларниот систем