Али Хејзелвуд е псевдонимот на италијанска писателка на љубовни романи и професорка по невронаука. Многу од нејзините дела се фокусираат на жените во СТЕМ полињата и науката. Нејзиниот деби роман, Љубовна хипотеза, бил бестселер на Њујорк Тајмс.

Првиот роман на Хејзелвуд, Љубовна хипотеза , бил објавен во септември 2021 година. На листата на најпродавани на Њујорк Тајмс бил повеќе од 40 недели. Приказната првично била напишана како фан фикција на „Војна на ѕвездите“ за Реј и Кајло Рен, која Хејзелвуд првпат ја објавила на Аркив оф аур оун (анг: Archive of Our Own) во 2018 година. Во 2020 година, на Хејзелвуд ѝ пристапил литературен агент за приказната, кој потоа и помогнал да ја подготви за објавување. Во 2022 година, Хејзелвуд го објавила својот втор целосен роман, Љубовни неврони, како и три новели: Под еден покрив, Заглавена со тебе и Под нулата.

Во 2023 година, Хејзелвуд ги составила нејзините три новели во книга со наслов „ Мразам да те сакам“. Истата година, таа го издала својот трет роман за возрасни, Љубов, теоретски, како и нејзиниот прв роман за млади возрасни, Шах мат. Во 2024 година, таа ја објавила паранормалната романса Невеста. Нејзината седма книга, Не вљубена, треба да излезе во јуни 2024 година.

На македонски јазик се преведени Љубовна хипотеза и Љубовни неврони од издавачката куќа „Три“.

Личен живот Хејзелвуд е родена и израсната во Италија и живеела во Јапонија и Германија пред да се пресели во Соединетите Држави за да го продолжи докторатот по невронаука. За време на нејзиното докторирање, Хејзелвуд ја истражувала симулацијата на мозокот и когнитивната неврологија.

Хејзелвуд работела како професор до 2023 година, кога направила пауза од академските кругови за да се фокусира на нејзината писателска кариера.

Дела

Романи

Љубовна хипотеза (2021) Љубовни неврони (2022) Љубов, теоретски (2023) Шах мат (2023) Невеста (2024) Не вљубена (2024)

Новели

Колекција Мразам да те сакам(2023): Под еден покрив (2022) Заглавена со тебе (2022) Под нулата'' (2022)

Наводи

Надворешни врски

Официјална веб страна

Категорија:Живи луѓе