215px|десно|мини|Обичен PlayStation 3 со Sixaxis џојстик(лево) и PlayStation 3 Slim со DualShock 3 џојстик(десно), сите во црни изданија PlayStation 3 (プレイステーション3 Pureisutēshon Surī; официјално рекламиран како PS3) е третата конзола за видеоигри на Sony Computer Entertainment и е наследник на PlayStation 2 конзолата од генерацијата на PlayStation конзоли. Конзолата беше развивана во соработка со Foxconn и ASUSTeK, а користи графички обработувач од NVIDIA. PlayStation 3 е во конкуренција со конзолите Xbox 360 на Microsoft и Wii на Nintendo како дел од натпреварот помеѓу конзолите од седмата генерација.
Голема новина што го разликува PlayStation 3 од неговите предци е неговата PlayStation Network Интернет платформа што ја надвладеа поранешната политика на Sony околу овозможувањето играње на Интернет за играчите на видеоигрите. Други големи новини се можностите за мрежно поврзано играње со корисниците на PlayStation Portable мини конзолата, како и можноста да ги чита оптичките дискови од најновата генерација Blu-ray Disc.
PlayStation 3 за првпат се појави во продажба на 11 ноември 2006 во Јапонија, на 17 ноември 2006 во Северна Америка, на 16 март 2007 во Обединетото Кралство и Ирска, и на 23 март 2007 во останатите држави во Европа и Океанија.
Две изданија од конзолата беа објавени: основно издание (Basic) со тврд диск со капацитет од 20 GB; и посебно издание (Premium) со тврд диск со капацитет од 60 GB и неколку предности
(изданието со 20 GB не беше издадено во Европа и Океанија).
Од тогаш, конзолата претрпи неколку промени во изданијата во кои е продавана, од кои најзабележливата е претставувањето на новото Slim издание во септември 2009.
Историја 150п|лево|мини|Бел примерок на PlayStation 3 користен за време на презентацијата на CES 2006. 150п||мини|Сребрен примерок на PlayStation 3 користен за време на презентацијата на Е3 2005. Сребрен примерок на PlayStation 3 користен за време на презентацијата на Е3 2005. Забележливи се трите гигабитни мрежни приклучоци, двете USB порти и двете HDMI порти Sony официјално и го претстави PlayStation 3 на јавноста на 16 мај 2005 за време на Electronic Entertainment Expo (E3) конференцијата. Иако не беше претставена функционална верзија на конзолата на Е3, ниту на Tokyo Game Show во септември 2005, сепак беа извршени некои демонстрации и на двата настани, како на пример PC и PS3 верзиите на Metal Gear Solid 4: Guns of The Patriots. Исто така беа покажани и некои спецификации на конзолата.
Системот првично беше планирано да има две HDMI порти, три мрежни Ethernet порти и шест USB порти, но сепак како што беше прикажано на Е3 2006 системот претрпе измени користејќи само една HDMI порта, како и само една мрежна порта, а бројот на USB порти беше намален од шест на четири, најверојатно за да се намалат потрошувачките цени.
Исто така беа најавени две конфигурации на системот: изданието Basic со тврд диск со капацитет од 20GB и изданието Premium со тврд диск со капацитет од 60GB. Premium изданието беше единственото со HDMI порта, Wi-Fi Интернет и хроматска надворешна изработка, со логото во сребрена боја сместено на средината. Беше најавено дека конзолата ќе излезе во продажба во Јапонија на 11 ноември 2006, а во Северна Америка и Европа на 17 ноември 2006, но на 6 септември 2006 Sony објави дека PAL регионите, Европа и Океанија ќе мора да почекаат до март 2007 поради немање доволно диоди користени во Blu-ray уредот.
На Tokyo Game Show на 22 септември 2006 Sony најави дека и Basic изданието ќе доаѓа со HDMI порта и со сребреното лого сместено на средината, но ќе ја нема хроматската надворешна изработка и без Wi-Fi. Исто така цената на истото издание во Јапонија беше намалена за 20% и беше најавено Premium изданието со тврд диск со капацитет од 60GB со цел цените во Јапонија да бидат поприфатливи за тамошните купувачи.
За време на настанот, Sony прикажа 27 PS3 игри играни на конечната верзија на конзолата.
Лансирање
PlayStation 3 беше лансиран во продажба во Јапонија на 11 ноември 2006 во 07:00 часот. Според Media Create, во првите 24 часа од лансирањето во продажба во Јапонија, продадени биле 81.639 системи.
Наскоро по лансирањето на PlayStation 3 во Јапонија, конзолата беше исфрлена во продажба и во Северна Америка на 17 ноември 2006. Извештаи за насилство за време на продажбата на првите примероци од конзолата во Северна Америка тврдат дека имало застрелан купувач, купувачи ограбени откако излегле од продавници, па дури и пукање во купувачи од возила во движење. Исто така се споменуваат и големи гужви во продавниците во ситуација во која што 60 купувачи се бореле за да дојдат до 10 конзоли.
На 24 јануари 2007 Sony најави дека PlayStation 3 ќе биде исфрлен во продажба во Европа, Австралија, Океанија, Нов Зеланд, Блискиот Исток и Африка на 23 март 2007.
На 7 март 2007, PlayStation 3 беше исфрлен во продажба во Сингапур.
PlayStation 3 конзолата беше исфрлена во продажба во PAL регионите на 23 март 2007, при што во рок од 48 часа продадени беа околу 600.000 примероци.
Конзолата беше исфрлена во продажба во Јужна Кореја на 16 јуни 2007 во единствено издание со тврд диск со капацитет од 80GB и IPTV поддршка.
PS3 Slim и ребрендирање
По шпекулации дека "потенок и послаб" модел е во производство, Sony официјално го најави PS3 CECH-2000 моделот на 18 август 2009 на Sony Gamescom прес конференцијата. Меѓу главните одлики на ова ново Slim издание на PlayStation 3 спаѓаат намалената големина и помалиот простор кој го зафаќа конзолата, како и потивкиот режим на работење. PS3 Slim беше исфрлен во продажба во септември 2009. Уште една измена кај PS3 Slim е изменетото лого, кое од PLAYSTATION 3 е изменето во PS3.the console's finish Исто така, сменет е и текстот кој се прикажува на екранот при вклучување на конзолата, кој од "Sony Computer Entertainment" е изменет во "PS3".the console
Конфигурации
Има четири PlayStation 3 модели коишто најчесто се разликуваат по капацитетот на тврдиот диск : 20, 40, 60 и 80 GB модели. Сите системи доаѓаат со еден или два Sixaxis контролери, еден USB кабел, еден composite video/audio надворешен кабел, еден ethernet кабел (само во изданијата со тврди дискови со капацитет од 20, 60 и 80 GB) и еден кабел за електрично напојување.
Модел Одлики Достапни бои Исфрлен во продажба Во производство Достапни изданија20 GBCECHBxxNTSC 4 USB 2.0 порти Хардверски заснована PS2 емулација SACD Linux поддршка Sixaxis џојстик Црнаrowspan=2 60 GBCECHAxxNTSC Читачи на мемориски картички 802.11b/g Wi-Fi</small> Црна Не60 GBCECHCxxPAL 802.11b/g Wi-Fi Читачи на мемориски картички 4 USB 2.0 порти Делумно софтверски заснована PS2 емулација SACD Linux поддршка Sixaxis џојстик (MGS4 изданија продадени со DualShock 3 џојстик) MotorStorm, Resistance: Fall of Man и дополнителен Sixaxis џојстик (ОК) 80 GBCECHExxNTSC MGS4 MotorStorm 40 GBCECHGxx CECHHxx CECHJxxPAL, NTSC 802.11b/g Wi-Fi 2 USB 2.0 порти Linux поддршка DualShock 3 џојстик Црна Бела Сребрена Сива MGS4 (сива) GTA IV (Европа) 80 GBCECHKxx CECHLxx CECHMxxPAL, NTSC Црна Бела Сребрена Не 160 GBCECHPxx CECHQxxPAL, NTSC Црна Uncharted (NTSC регион) 120 GB slimCECH-20xxA CECH-21xxAPAL, NTSC 802.11b/g Wi-Fi 2 USB 2.0 порти BRAVIA Sync XMB control (CEC) Потенка форма Dolby TrueHD & DTS-HD Master Audio bitstreaming DualShock 3 џојстик ЦрнаНе LittleBigPlanet и Ratchet & Clank Future: A Crack in Time (NTSC регион) This Is It Blu-ray 250 GB slim CECH-20xxBCECH-21xxBPAL, NTSC Црна Бела и розова160 GB slimCECH-25xxAPAL, NTSC Црна Бела СинаДа Torne (Јапонија) Gran Turismo 5 (Јапонија; Сина конзола)320 GB slimCECH-25xxBPAL, NTSC Црна PlayStation Move, PlayStation Eye и Sports Champions издание (Северна Америка) PlayStation Move, PlayStation Eye издание со демо диск (Европа) Опис:"1 генерација" "2 генерација" "3 генерација" "4 генерација"
Сите пијано црни и керамички бели модели се со глос изглед на огледалоСите модели доаѓаат со: Blu-ray/DVD/CD уред, HDMI 1.3a порта, Bluetooth 2.0, Gigabit Ethernet мрежна порта (10BASE-T, 100BASE-TX, 1000BASE-T) и PlayStation One поддршка преку софтверска емулација.Броевите на моделите се разликуваат по регион на продажба и на користење. Видете PlayStation 3 хардвер – броеви на модели за детали.
a Linux поддршка отстранета од firmware верзија 3.21. Видете Отстранување на "OtherOS" поддршка за детали b Керамички белиот модел е достапен само во Азија и Јапонија. c Сребрениот модел е достапен само во Азија и Јапонија. d Сивиот модел е достапен само кај MGS4 изданието. e Yakuza 3 изданието доаѓа со керамички бел модел со сив змејски дизајн. Ова издание е ограничено на 10.000 примероци. f Белиот и розовиот модел се достапни само кај јапонското издание на Final Fantasy XIII и доаѓа со розов дизајн на Final Fantasy XIII карактерот "Lightning" на куќиштето.
Во споредба со 20GB изданието, изданието со тврд диск со капацитет од 60GB поседува IEEE 802.11 b/g Wi-Fi приклучок, читачи за flash картици од типот : SD/MultiMedia Card, CompactFlash Type I/Type II, Microdrive, Memory Stick/PRO/Duo и хроматска надворешна изработка. Од хардверски гледна точка, 80GB моделот исфрлен во продажба во Јужна Кореја е идентичен со 60GB моделот исфрлен во продажба во PAL регионите, со единствена разлика во капацитетот на тврдиот диск. Како Јужно Корејскиот, Европскиот и Австралискиот, така и Северно Американскиот 80GB модел не доаѓа со вграден обработувач Emotion Engine (EE) што овозможува компатибилност на конзолата со игрите наменети за PlayStation 2. Но, сепак конзолата го задржа таканаречениот Graphics Synthesizer графички обработувач што го имаше во PlayStation 2 конзолата. Emotion Engine компатибилноста беше намалена поради емулација. Моделот со тврд диск со капацитет од 40GB има две USB порти, за разлика од останатите модели коишто имаат по четири USB порти, а исто така не поседува читачи за различни мемориски картици, Super Audio CD (SACD) поддршка, како и обработувачот Graphics Synthesizer, што ја прави конзолата хардверски неспособна за да биде компатибилна со PlayStation 2 игри.
До сега официјално Sony нема исфрлено додатен хардвер за 20GB моделот од типот : читачи за мемориски картици и Wi-Fi, иако сепак најавени се планови за вакви додатни компоненти наменети за конзолата во иднина. Но сепак, моделот со тврд диск со капацитет од 20GB поседува 4 USB порти, коишто можат да се искористат за приклучување на читачи на мемориски картици, како и за приклучување на опрема наменета за безжично поврзување и на Интернет.
Имаше шпекулации, подоцна потврдени од страна на претседателот на Sony Computer Entertainment (SCEI), Каз Хираи, дека третата генерација на PS3 конзоли (изданието со тврд диск со капацитет од 40GB) ќе користат 65 нанометарски обработувачи Cell.
Исто така има непотврдени шпекулации дека се подготвуваат модели со тврди дискови со капацитети од 120GB и 160GB, коишто би требало да бидат исфрлени во продажба во есента 2008. Шпекулираните модели, иако не доаѓаат со читачи за Memory Stick, SD и CF мемориски картици, имаат целосна компатибилност со игрите наменети за постарите конзоли од PlayStation генерацијата и би го користеле 65 нанометарскиот обработувач Cell.
Продажби и производствени потрошувачки
Регион Продадени примероци Исфрлен во продажба на Канада 520.000, заклучно со 1 август 2008 17 ноември 2006 Европа(Можеби се вклучени и Обединетото Кралство и други PAL региони) 16 милиони, заклучно со 17 август 2010 23 март 2007 Јапонија 5 милиони, заклучно со 13 април 2010 11 ноември 2006 Обединето Кралство 3 милиони, заклучно со 26 јануари 2010 23 март 2007 САД речиси 12 милиони, заклучно со 14 април 2010 17 ноември 2006 Во светски рамки38.1 милиони, заклучно со 31 јуни 201011 ноември 2006
Првите проценки за цените на PlayStation 3 конзолите беа дека 20GB моделот би чинел (во американска валута долар)