„Bol“ () е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 2001 година, а се нашла на компилацискиот албум на бендот The best of, којшто ги содржел најголемите хитови на бендот дотогаш. Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот на „Bol“ е завршен од страна на Федор Боиќ. За да ја промовира песната, бендот има снимено и музичко видео.
Наводи
Наводи
Категорија:Хрватски песни