Imagine Dragons (транскрипција: Имеџин Драгонс) ― американска поп-рок-група со седиште во Лас Вегас и основана во 2008 година. Во сегашниот состав на групата се: пејачот Ден Рејнолдс, гитаристот Вејн Сермон, басистот Бен Мекки и тапанарот Даниел Плацман. Групата стекнала популарност по објавувањето на нивниот сингл „It's Time“, по кој следело издавањето на нивниот прв албум „Night Visions“ (2012), од кој произлегле песните кои се нашле на врвот на топ-листите „Radioactive“ и „Demons“. Песната „Radioactive“ го држела рекордот за најмногу недели поминати на топ-листите на Billboard Hot 100, а Ролинг Стоун ја прогласил „рок-хит на годината“. MTV ги прогласил за „група на годината“, а списанието Билборд ги прогласил за „Група во подем за 2013“ и „Најдобра група за 2017“ и ги ставило на врвот на нивната ранг-листа „Year in Rock“ за 2013, 2017, и 2018 година. Imagine Dragons биле на врвот во категоријата „Топ музичари – дуо/група“ на листата од Билборд во 2018 година.

Imagine Dragons освоиле три Американски музички награди, девет Билбордови музички награди, една Греми награда, една MTV Video музичка награда и една Светска музичка награда. Во мај 2014 година, групата била номинирана за 14 Билбордови музички награди, вклучително и за изведувач на годината и наградата Milestone, со која се оддава признание за иновативноста и креативноста на музичарите во различни жанрови. Во април 2018 година, групата била номинирана за 11 Билбордови музички награди.

Imagine Dragons имаат продадено преку 74 милиони албуми и 65 милиони дигитални песни ширум светот, со што се меѓу музичарите со најголема продажба во светот. Тие исто така имаат вкупно 160 милијарди стримови низ музичките платформи. Тие биле најстримувана група во 2018 година на Spotify, прв рок-изведувач кој имал четири песни („Radioactive“, „Demons“, „Believer“ и „Thunder“) со над една милијарда стримови, и единствена група во историјата на RIAA која има четири песни повисок сертификат од Diamond. Според Билборд, „Believer“, „Thunder“ и „Radioactive“ биле трите најуспешни рок-песни во 2010-тите.

Историја

2008–2011: Почетоци Во 2008 година, додека студирал на Универзитетот Бригам Јангпејачот Ден Рејнолдс се запознал со тапанарот Ендрју Толман. Рејнолдс и Толман ги ангаширале Ендрју Бек, Дејв Лемке и Аурора Флоренс да свират гитара, бас и пијано, соодветно, за нивната група. Името на групата е анаграм од фраза која била позната само на членовите на групата."Imagine Dragons: The Billboard Cover Story" . Billboard, December 7, 2013 by Ray Waddell Квинтетот снимил демо-снимки и истата година ги поставиле на Мајспејс. Бек и Флоренс ја напуштиле групата подоцна истата година. Во 2009 година, Толман за гитарист го ангажирал неговиот средношколски другар Вејн Сермон, кој дипломирал на музичкиот колеџ Беркли. Толман подоцна во групата ја повикал неговата сопруга, Британи Толман, како пратечки вокал и да свири клавијатура, а групата повторно почнала со свирки. Лемке ја напуштил групата, а Сермон ангажирал уште еден студент по музика од Беркли, Бен Меки, за да ѝ се придружи на групата како басист и да го комплетира составот. Групата сотекнала многу обожаватели во нивниот роден град Прово во Јута, пред членовите да се преселат во Лас Вегас, родниот град на Ден Рејнолдс, каде што групата ги снимила и издала првите три EP-а.

На 1 септември 2009 година групата го издала истоименото EP Imagine Dragons, а на 10 март 2010 година го издале Hell and Silence; двете ЕР-а биле снимени во Battle Born Studios во Лас Вегас. Шест месеци по објавувањето на нивното трето EP, It's Time, на 12 март 2011 година, на 18 ноември 2011 година тие потпишале договор за снимање со Interscope Records.

Групата првиот поголем пробив на музчката сцена го направиле откако фронтменот на Train, Пет Монахан, се разболел непосредно пред фестивалот „Bite of Las Vegas“ во 2009 година. Imagine Dragons биле повикани да го пополнат испразнетото место и настапиле пред публика од ппреку 26.000 луѓе. Дополнителна популарност добиле со неколкуте месни признанија, како: „Најдобро ЦД за 2011“ (Vegas SEVEN), „Најдобра локална инди група за 2010“ (Las Vegas Weekly), „Најнов изведувач од Лас Вегас што мора де види во живо“ (Las Vegas CityLife), Вегас Music Summit Headliner 2010 и многу други. Толманови ја напуштиле групата. Тапанарот Даниел Плацман и клавијатуристката Тереза Фламинио биле ангажирани од МекКи во август 2011 година. Во ноември 2011 година, тие потпишале договор со Interscope Records и почнале да работат со англискиот продуцент, добитник на Греми награди, Алекс да Кид. Фламинио ја напуштила групата речиси истовремено кога групата потпишувала со Interscope, а групата станала квартет.

2012–2014: Албум Night Visions На 14 февруари 2012 година групата дигитално објавила ЕР под наслов Continued Silence. Групата, исто така, објавила ЕР под наслов Hear Me во 2012 година.

Набргу потоа, бил објавен синглот „It's Time“ кој се искачил на 15-то место на Billboard Hot 100. Спотот за песната дебитирал на MTV на 17 април 2012 година и подоцна бил номиниран на МТВ Видео Музички Награди во категоријата „Најдобро рок-видео“. „It's Time“ бил сертифициран за седумкратно платинест сингл од RIAA.

Првиот албум на групата, Night Visions, бил издаден во САД на 4 септември 2012 година. Се искачил на второ место на Билборд 200 топ-листата со продадени над 83.000 копии во првата недела, што е највисоко место на топ-листата за дебитантски рок-албум од 2006 година. Албумот, исто така, се искачил на прво место на Билбордовите топ-листи за алтернативна и рок-музика, како и во топ-10 на топ-листите во: Австралија, Австрија, Канада, Холандија, Германија, Ирска, Норвешка, Португалија, Шкотска, Шпанија и Обединетото Кралство. Добитник е на Билбордова музичка награда за „Најдобар рок-албум“ и бил номиниран за Џуно награда за „Меѓународен албум на годината“. Night Visions е сертифициран како платинест во САД, Австралија, Австрија, Бразил, Канада, Мексико, Нов Зеланд, Полска, Португалија, Шведска, Швајцарија и ОК. Три песни од албумот се пласирале на Билборд Топ 40, четири песни во ARIA Топ 40, и пет песни на топ 40 во ОК. лево|мини| Групата на турнејата Night Visions во 2013 година. Вториот сингл од албумот „Radioactive“ се искачил на прво место на: Билбордовата топ-листа за алтернативни песни, Билбордовата топ-листа за рок-песни и Шведската топ-листа за синглови. Во САД бил продаден во повеќе од 14 милиони примероци, со што е меѓу трите дигитално најпродавани песни досега. Исто така, го соборил рекордот за песна која најдолго се задржала на Billboard Hot 100, со поминати 87 недели на листата пред да биде соборена од „Blinding Lights“ од The Weeknd во 2021 година. „Radioactive“ останала на прво место на топ-листата „Hot Rock Songs“ рекордни 23 недели и на крајот станал најголемиот рок-хит за 2013 година.Lipshutz, Jason. "Record Of The Year". Billboard 125.50 (Jan. 2014): 20. Print. Синглот се искачил на трето место, со што станал нивен прв сингл во топ-десет во САД и го соборил рекордот за песна која најдолго се задржала во топ-5 на листата. Ова е најпродаваната рок-песна на листата на Nielsen SoundScan кој изработува листа од најпродавани рок-песни во дигиталната историја. До крајот на 2013 година, „Radioactive“ веќе бил продаден во над три милиони примероци. Ролинг Стоун ja прогласил за „рок-хит на годината“. Ова било и најстримувана песна во 2013 година на Spotify во САД. Во 2014 година, синглот бил номиниран за „Греми награда за запис на годината“ и за „Греми награда за најдобра рок изведба“; ја освоил наградата за „Најдобра рок изведба“.

Третиот сингл „Demons“ стигнал до прво место на Билбордовата топ-листа за поп-песни, се искачил на 6-то место на Billboard Hot 100 и таму се задржал 61 недела. Grein, Paul (January 29, 2014). "Chart Watch: Katy Perry Ties Rihanna's Record". Yahoo! Music. Archived from the original on August 6, 2018. Retrieved August 14, 2014. Во 2021 година, RIAA објавила дека песната станала трета песна на групата со дијамантски тираж во САД. "Gold & Platinum". RIAA. Archived from the original on February 9, 2019. Retrieved October 3, 2021. Четвртиот сингл „On Top Of The World“ стигнала до 79-то место на Billboard Hot 100. Билборд ја именувал групата за една од „Најсветлите нови ѕвезди во 2012 година“, а подоцна и „Група во подем за 2013“. Imagine Dragons освоиле награди на Билбордовите музички награди во 2014 година во категориите: „Најдобро дуо или група“, „Најдобри Hot100 изведувачи“ и „Најдобар рок-изведувач“. Amazon.com ја прогласил групата за нивен „Омилен рок-изведувач за 2012 година“.

Во 2013 година, Imagine Dragons биле на турнеја низ Европа и Северна Америка. Групата издала албум во живо, Live at Independent Records, во април 2013 година.

2014–2016: Smoke + Mirrors мини| Imagine Dragons во Verizon Center, Вашингтон, на турнејата Smoke + Mirrors во јули 2015 година. Пред објавувањето на албумот, Imagine Dragons објавиле многу синглови за други проекти, како песна за филмот Трансформери: Доба на изумирање (Transformers: Age of Extinction), под наслов „Battle Cry“ (јуни 2014) и песната „Wariors“ за Светското првенство во Лигата на легендите (септември 2014 година).

На 27 октомври 2014 година, Imagine Dragons го објавиле водечкиот сингл од претстојниот албум „I Bet My Life“. На 16 декември, групата го најавила вториот албум Smoke + Mirrors, а истовремено го објавиле и вториот сингл од албумот „Gold“. „Shots“ бил издаден како трет сингл од албумот на 26 јануари 2015 година.

Smoke + Mirrors бил објавен на 17 февруари 2015 година. Албумот дебитирал на врвот на Билборд 200, со што станал прв албум од групата кој се искачил на прво место на таа топ-листа. На 3 јуни 2015 година, групата започнала светска турнеја за поддршка на албумот.

За време на турнејата, Imagine Dragons објавиле два неалбумски синглови. „Roots“ бил објавен на 26 август 2015 година, а „I Was Me“ на 12 октомври 2015 година, преку iTunes. Групата, исто така, објавила преработка на песната „I Love You All the Time“ од Eagles of Death Metal на 18 декември 2015 година, како поддршка на жртвите од нападите во Париз од ноември 2015 година. Турнејата Smoke + Mirrors завршила на 5 февруари 2016 година, во Амстердам. Групата го издала едновечерниот концертен филм Imagine Dragons In Concert: Smoke + Mirrors, премиерно изведен во кината на 2 март 2016 година, а подоцна бил издаден на ДВД и Блу-Реј.

По турнејата, групата планирала да направи пауза. Тие ги објавиле песните: „Not Today“ за саундтракот од филмот Додека не те стенав тебе (Me Before You) и „Sucker for Pain“ за саундтракот на Одредот на отпишаните (Suicide Squad) со Лил Вејн, Виз Калифа, Лоџик, Тај Дола Сајн и X Ambassadors во април и јуни, соодветно.

2016–2020: Evolve and Origins На 1 февруари 2017 година, Imagine Dragons го објавиле „Believer“ како главен сингл за нивниот следен албум. На 27 април 2017 година, групата го објавила „Thunder“ како втор сингл од нивниот трет албум. На 8 мај 2017 година, Imagine Dragons го објавиле нивниот трет студиски албум Evolve, како и новата песна „Whatever It Takes“, која била објавена истиот ден. Истиот ден била најавена и турнеја за поддршка на албумот. Турнејата се одржала во 33 држави и траела од септември 2017 до септември 2018 година.

Албумот и синглот „Thunder“ добиле номинации за Греми награда за „Најдобар поп вокален албум“ и „Најдобра поп-изведба од дуо/група“, соодветно. „Whatever It Takes“ бил издаден како официјален сингл од албумот на 6 октомври 2017 година. Песната освоила МТV Video награда за "Најдобро рок-видео“ во 2018 година. На 14 февруари 2018 година, Imagine Dragons на Твитер објавиле нов сингл под наслов „Next to Me“. Песната била објавена како дел од повторното издание на Evolve на 21 февруари 2018 година. Во 2018 година, Imagine Dragons ги објавиле сингловите „Born to Be Yours“, „Natural“ и „Zero“.